
Денес се навршуваат 12 години од Рамковниот договор. Кој изгледа дека повеќе важи за нас отколку за Албанците. Ова затоа што не сите бегалци Македонци и припадници на други етнички заедници се вратени во своите домови од кои се прогонети, што не важи за Албанците. Од потписниците тројца не се повеќе живи, Бог да ги прости, а од двојцата живи политички активен како еден од лидерите на опозицијата е само Љубчо Георгиевски. Ова под услов Бранко Црвенковски релно не е повеќе лидер на СДСМ.
Патем ме чуди што некој од подржувачите на потписниците на Рамковната не ја отвори оваа тема за да не потсети за едно од најголемите дела на нивните лидери.