Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

СДСМ предлага ребаланс на Буџетот и мерки за спас на земјава

$
0
0
Цитат:

СДСМ предлага ребаланс на Буџетот и мерки за спас на земјава

СДСМ ја повикува Владата до почетокот на септември да предложи ребаланс на буџетот, зашто смета дека кога ќе се стаса до моментот буџетот да стане неликвиден, ќе биде предоцна да се реагира.
- Наместо фокусирање исклучиво кон „очекувано“ привлекување на странски инвеститори кои треба „да нè спасат“, владата треба да се насочи пред сè кон домашните бизнисмени и инвеститори – и микро, и мали, и средни и големи. Неопходно е да се подобрат условите за нивно работење, како и условите за нивно инвестирање. Да повториме уште еднаш – странските не може да бидат замена за домашните инвеститори – истакна на денешната прес конференција потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.

Тој смета дека наместо очајнички да бара пари по белиот свет, Македонија има на располагање големи износи на средства од претпристапната помош на ЕУ.
- Вчера, самиот министер за финансии отворено призна, дека буџетот до крајот на годината ќе се остварува со поголеми тешкотии. Но, бидејќи ликвидноста на буџетот, сега за сега, се уште „не заглавила“, владата нема намера да преземе нешто во таа насока. После „крстосувањето“ на половина од земјината топка, и по потрошените, веројатно, милионски суми во евра, самата влада никогаш не излезе со пресметка за цената на т.н. роуд-шоус. По неуспехот на широко-рекламираниот и „елитен“ проект на Владата „Купи куќа, купи стан“, сега, единствено заради негово спасување и заради подобрување на рејтингот на владата, таа прави измена на правилата на проектот, со кои на корисниците на буџетски средства им ги простува парите кои ќе ги добијат како „кредит“. Така, прво, граѓаните се ставаат во крајно нерамноправна положба – некои се нето добитници, а некои се нето губитници и второ, ако претпоставиме дека ќе има 500 корисници на финансиска поддршка од по 9.200 евра и 500 корисници на поддршка од по 15.000 евра, со тоа владата ќе направи дополнителен долг од над 12 милиони евра, кој ќе треба да се враќа во наредните 5 години! Која е реалната вредност на тој проект за оние граѓани кои само ќе ги враќаат тие пари – прашува потпретседателот на СДСМ, Узунов.

Тој смета дека е крајно време Владата да прифати и да признае дека опозицијата била во право кога при донесувањето на Буџетот на крајот на минатата година барала штедење и скратување на буџетот за неоправданите расходи.
Ми текнува дека и лани СДСМ го бараше тоа од власта, а власта се инаетеше... Подоцна си ја свиткаа опашката и ребаланс сепак се направи, ама експертите коментираа дека од задоцнувањето на ребалансот Македонија имала реперкусии во повеќе елементи...

Дали Ставрески овојпат ќе ја прифати сугестијата од СДСМ, или повторно ќе тера инает?

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles