Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all 1887 articles
Browse latest View live

АЕК кула, зграда, аквапарк... договор од милион евра за кампања

$
0
0
АЕК склучила договор за изработка на кампања за промоција на нивните активности со агенцијата ОМЕГА КОМУНИКЕЈШН во вредност од 60 милиони денари или речиси 1 милион евра.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=10099

Закон за стечајци и протести на стечајци пред собрание

$
0
0
Тензично во и пред Собранието, пратениците дебатираат за законот за стечајци, стечајците го чекаат исходот

Во Собранието пратениците водат жестока расправа по предлог законот за стечајци, поднесен од опозицијата, со кој се предвидува стечајците да добиваат месечен паричен надомест од 6.000 денари до пензионирање.

Во исто време, околу 100-тина стечајци протестираат пред зградата на парламентот и најавуваат дека повторно ќе постават шатори ако законот не биде донесен.

Околу зградата видливо е силно полициско обезбедување.

Пратеници од опозицијата, еве ви бланко оставка!

$
0
0
Пратеници од опозицијата, еве ви бланко оставка!

Мимоза Ристова


До: Собранието на РМ

Од: __________, пратеник во Собранието на РМ


ПРЕДМЕТ: Оставка на функцијата ПРАТЕНИК во Собранието на РМ


Почитувани граѓани и граѓанки,


Со овој допис сакам да поднесам неотповиклива оставка на функцијата пратеник во Собранието на РМ. И покрај напорната работа, да ја исполнам волјата на граѓаните кои ме избраа токму за да ги застапувам нивните интереси, да се борам за владеењето на правото и да ги унапредувам човековите права и слободи, во знак на тој, делумно и личен неуспех, ја поднесувам оваа оставка.


Како народен пратеник, не успеав да си го сочувам дури ни сопствениот физички интегритет, јадејќи ќотек како некое магаре на една собраниска седница во еден црн понеделник. Тогаш, како ли можев да помогнам да се сочуваат правата и слободите на обичниот гласач којшто со капка надеж за среќа го заокружил моето име на гласачкото ливче?


Под целосна морална одговорност ја поднесувам оваа оставка, бидејќи се сторив само обична кукла-марионета, мапет во собраниската сала, „пес“ што лае на ветерот на говорничкиот пулт, а не човек чии што зборови нудат и отелотворуваат позитивни промени за граѓаните.


Во име на пурификација на совеста што длабоко ме гризе, јас, во одлична ментална состојба ја поднесувам оваа оставка, којашто, за жал, требаше да си ја поднесам уште пред една цела година, милозливо барајќи од вас, моете граѓани, да го сметате како највисок морален чин, незапишан во кодот на честа, а сепак, рамен на самурајскиот Сепуку.


Почитувани граѓани и граѓанки, јас повеќе немам никакво право да ги трошам парите од народот за да бидам фотомодел на политичката сцена, додека вие гладувате. Оставката нека биде знак на протест, нека биде отпорот кон тоталитарната власт, која немо се устоличи пред моите очи, нека биде почеток за излез од јамата на злото, кое се вовлече и се размножи токму во ова дувло, кое некогаш служеше како законодавен дом.


Со почит, _______________

Скопје, 24.12.2013


http://www.plusinfo.mk/mislenje/1147...blanko-ostavka

Со што би го удриле форумдзијата над вас ??

$
0
0
...e bash me interesira so shto ke bidam udren

Собраниско испрашување на Грујо и компанија

$
0
0
Груевски пречекан со фотографии од Љубе, Велија, Кежаровски, Шиповиќ, на надзорната расправа

Цитат:

Опозицијата го пречекаа премиерот Груевски како прв сведок на надзорната расправа во Собранието со слики од Љубе Бошкоски, Велија Рамковски, Томислав Кежаровски, Мирослав Шиповиќ и уште десетици притоврени и затворени, пренесе А1он

Во говорот како прв сведок на надзорната расправа на тема „Анализа за почитување на уставно загарантираното право на презумпција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразување и медиумски слободи и правото на изразување јавен протест во Република Македонија“, Груевски рече дека тој не може да оценува дали имало или не злоупотреба на притворот зашто бил дел од извршната власт

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B...0%D1%84%D0%B8/


Волку празен, необразован и лош политичар ретко се раѓа

Што би му рекле на форумджијата над вас,случајно да се разбудите поред него??

$
0
0
...ajde da vidime ,koj shto ima da kazhe....:D:D

За Ченто, лустрирани Чашуле, Мојсов и Марина !!!

$
0
0
Цитат:

За Ченто, лустрирани Чашуле, Мојсов и Марина


Коле Чашуле, Лазар Мојсов и Панта Марина се тројца од шестемина судии кои денеска се лустрирани за пресуда со која го испратиле Методија Андонов Ченто во затвор.


Cento_vo_zatvor

Лустраторите сметаат дека тие ги повредиле неговите човекови права и слободи и од идеолошки и политички побуди а не врз основа на факти, во 1946, експресно, во дводневно судење го осудиле на 11 години тежок затвор. Претседател на судскиот совет кој му судел на Ченто бил Панта Марина додека членови биле Лазар Мојсов и Коле Чашуле.
Инаку лустраторите денеска ги отворија и документите за првиот македонски министер за правосудство Петре Пирузе Мајски и за политичкиот емигрант Благоја Шамбевски.

Врз основа на извештаите за нив, лустраторите ќе трагаат по осумдесетина лица за кои се сомневаат дека биле наредбодавци, соработници, информатори или корисници на информации кои ги кршеле нивните човекови права.

Петре Пирузе заврши на Голи Оток а Шамбевски мистериозно почина во Франција.
http://libertas.mk/%D0%B7%D0%B0-%D1%...-%D0%BC%D0%B0/

..ama vnuk mu, glavniot urednik na alfa tv za ova ne kazhal nishto na vesti...dali smee taka da izvestuva !!

Голуби дифтари

$
0
0
Цитат:

Напишано од Andrej (Мислење 555107)
Дифтар ти се гулаби,... и голубарите стално ке им пуштаа свои гулаби за да ги привлечат ... Капиталци дифтари сум видел ...

Така е. Дифтар ти е гулаб, бунтовен, своеглав, див ... и смотан... ќе направи се да е по негово... и на крај ... Според тебе?

Топ 50 најбогати Македонци !!

$
0
0
Цитат:


Топ 50 најбогати Македонци

Според истражувањата од разно разни финансиси институции, во Македонија има околу 100 милионери. Заедно тие вредат околу 4 милијарди долари или во просек секој од нив располага со над 40 милиони долари. Мактел се обиде да ја состави листата на 50 најбогати Македонци. Под Македонци мислиме на македонски државјани. Редоследот по кој ги наведуваме е случаен, не е по рангот на огатство кое го поседуваат затоа што и точно неможе да се одреди кој колку има. Уживајте и немојте да се јадосувате, туку трудете се еден ден и вие да стекнете волку пари, секако не по секоја цена важно е да се обидете, а доста е ако успеете да заработите за стан, автомобил и добра живеачка, не заборавајте успехот е 50% и чиста среќа.



Минчо Јорданов
– најбогатиот човек во Македонија. Тој својата кариера ја започнал во 1992-ра година каде што бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор. Од 1994 година, тој е член на Бордот на директор и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Веќе во 1997-ма година станува претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“. Тој поседува 23.22 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР. Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.



Штерјо Наков – е вториот најбогат бизнисмен во Македонија. Тој поседува шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели. Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“. Моменталната вредност на акциите на Наков се проценува на 3.5 милиони евра. Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании.



Кочо Анѓушев - еден од основачите на “Брако“ од Велес. Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес. Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија. Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев.



Живко Мукаетов
– главен менаџер на “Алкалоид“ и поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во компанијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра. Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра. Живко Мукаетов ги наследи акциите на неговиот татко, покојниот Трајче Мукаетов кој беше долги години генерален директор на Алкалоид. Алкалоид е најбогатио македонски бренд еден од ретко успешните надвор од Македонија, особено силен во регионот и на источните пазари.



Шефки Идризи – еден од најбогатите тетовци. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско-услужна фирма. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се’ поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готовите малтери. Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет. Фирмата на Идризи е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.



Сашо Давитковски
- првиот човек на “Скопски пазар“. Семејството Давитковски поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ. Заедно Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

Компанијата СП под свое ги има најголемите пазари во Скопје, а го имаат и ланецот маркети СП, Макси Д маркетите, и продавницата за козметика Јуник која се наоѓа во центарот на градот спроти порта Македонија.



Душко Туџаров - дел од групацијата “Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра. Реплек произведува лекови а го поседува и Хубо Маркет и ресторанот Ден и Ноќ.





Кристина Тодоровиќ
– генерален директор на синџирите “Тинекс“ и дрогериите “Космо“. Се смета дека вредноста на акциите на “Тинекс“ вредат околу 80 милиони евра. Ланецот маркети Тинекс е првиот ланец на маркети, со многу раширена мрежа и добра позиционираност на пазарот. Нејзиниот татко неколку години беше во политиката но по поразот во трката за градоначалник на Центар се очекува да се врати во компанијата која ја основаше.





Благој Механџиски - основач на “Зегин“, прва приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989-та година. Се’ до 2006-та година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери. Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“ од Градско. Зегин е најдобро позициониран ланец на аптеки на пазарот со престижни локации во градот и државата. Одличната локација, традицијата, препознатливиот бренд, добрата услуга и добриот дизајн на ентериерот се причина за одличната профитабилност на ланецот аптеки Зегин. Богатството на Благој Механџиски сигурно е над 10 милиони евра стекнато со над 20 години менаџирање со аптеките Зегин.



Свето Јаневски - Сопственик на винаријата Тиквеш и екс мнозински акционер во Пивара Скопје и екс парцијален сопственик на ланецот ресторани Мекдоналдс во Македонија и Бугарија. Инвестицискиот фонд МИ6 во кој тој е еден од петте члена го продаде контролниот удел во Пивара Скопје на Хајнекен за околу 80 милиони евра. Свето сега поседува хотели во Црна Гора и ја купи најголемата винарница на балканот, Тиквеш, во која инвестираше милиони евра. Винарницата изминатите години не правеше големи профити дури и работеше со загуба поради трансформацијата од социјаистичка органнизација во современа винарница која ќе работи според пазарни механизми и која ќе се бори со квалитетни флаширани вина наместо извоз на вино во цистерни како што беше со децении. Бизнисот со рестораните му пропадна поради недоразнирање со сопствениците на франшизата Мекдонладс. Сопругата на Свето е застапник на Сваровски за Македонија и го поседува дуќанот на улица Македонија, додека Свето има значителен пакет акции во Автомакедонија кои се увозник на Опел за Македонија. Свето поседува и неколку хотели во Охрид. Богатството на Свето се проценува над 20 милиони евра.



Коста Јанковски
- Бизнисмен кој неговите бизниси дел ги префрли во Црна Гора. Важи за близок до лидерите на сите партии и од опозиција и позиција. Увозник на алкохолни и други пијалоци преку неколку компании. Го има ексклузивитетот за низа брендови во регионот. Се смета дека само во Македонија годишните профити му изнесуваат над 5 милони еур. Познат е во јавноста по десетината автомобили Ферари кои се голема атракција особено кога ги преселува лете или зиме од и во Македонија, истот го прави со шлепер на кој сите се натоварени и изгледаат маестрално. Неговото богатство се проценува на над 10 милиона евра.



Симон Наумовски -Доминантен сопственик на Витаминка Прилеп, заедно со неговата жена, синот и ќерката. Тие наследија голем македонски бренд од комунизмот-Витаминка, но истиот успеаја да го развијат и одржат успешно на пазарот на кој има огромна конкуренција од хрватска Подравкаи други странски брендови. Сопственици се уште на неколку помали компании, од производство на гас и штампарска дејност и хотел.



Љубисав Иванов-Ѕинго - Долгогодишниот генеален директор на РИК Силекс е еден од најбогатите Македонци. Освен рудниците Силекс, фабриките за сунѓер, уље и патенти, тој ја поседува и супер профитабилната телевизија Сител, успешните брендови на води Добра Вода и Ладна и соковите Плеј. После продажбата на СИЛЕКС банка влезе во доста други бизниси. Точниот број на компании во негова сопственост не е познат па неможе точно да се определи неговото богатство. Поседува над 24 компании, хотели и фабрики. Се занимаваат и со градба и услуги. Она што е познато се и стотиците хектари на земја кои ги поседува околу Кратово и во земјата и деловниот простор на територија на Кратово и Скопје меѓу кои најпознати се просториите под јужната трибина на градскиот стадион Филип Втори. Има удел и во осигурителната компанија АД Осигурителна Полиса. Неговото богатство се проценува на над 20 милиони евра. Постојат и легенди дека тој е малцински акционер и во автомобилскиот гигант Фолксфаген. Во Кратово го поседува водоводот, базенот и стадионот.



Борис Стојменов - Сопственик на телевизиите Канал 5 и Канал 5 +, хотелот ТЦЦ Плаза и деловниот простор во таа зграда, инвестираше во зградата Македонија во Тафталиџе, ја поседува штедилницата БС, и фабриката за печатење пари и други печатени материјали од Прилеп. Тој беше министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски и своето богатство го има градено и претходно со бизнисот на консалтинг. Отсекогаш важел за богат човек но неговото богатство се зголеми последните десетина години. Сигурно тежи неколку милиони евра. Бизнисите сега ги води неговиот син Емил Стојменов.



Андреа Јосифовски - Долгогодишен генерален директор на АД Макпетрол, најголемиот трговец со нафтени деривати, масла, гуми, и увозник на автомобили и мотори Хонда и преставник за Македонија за ИТ гигантот Дел. Во рамките на бензиските пумпи работат и маркетите Меџик. Андреја е сопственик на фимрата Оилко која е фирма ќерка на Макпетрол и презема голем дел од деловното работење на Макпетрол особено транспортот на нафтените деривати до бензиските пумпи. Во рамките на Макпетрол работи и телевизија Телма. Богатството на Андреја Јосифовски се проценува на десетици милиони евра.



Ристо Гуштеров - Еден од прочуената плејада бизнисмени кои произлегоа од Техно Метал Вардар, кои својот занает го печеа по Источна Европа, господинот Гуштеров своето богатство го стекнал со трговија со метали и потоа своето богатсво го инвестирал во САД, поточно во Флорида, претежно во недвижнини и во ресторани и хотели. Во Македонија не успеа да направи некој бизнис освен што донираше голема сума на пари во голем црковен храм во родниот Радовиш. Тежи над десетина милиони евра.



Ајдован Адемовски - Сопственикот на хотелот Стоун Бриџ, бутиците Котон и Кашарел, градителот на хотелот Хилтон и сопственикот на новиот трговски центар Капитол Мол е еден од најуспешните и најбогатите наши сограѓани и сигурно тежи десетици милиони евра.



Илија Гечев - Ја поседува фабриката за цевки ИГМ-Трејд. ИГМ-трејд беше основана како компанија во трговијата со црни и обоени метали. Денес е со книговодствена вредност од десетици милиони евра, и го прави најголемиот обрт на југот на земјата. Поседуваат големи фабрики за црна и обоена металургија, складови и некретнини низ цела Македонија. Сакаше да гради железара во Неготино во која сакаше да топи стар метал од целиот свет но процесот го стопираа локалните еколошки друштва и целата јавност која се обедини против оваа идеја.



Благоја Самакоски - Сопственик на МИКРОСАМ од Прилеп, како и на низа фирми во земјата и странство. Сите компании се на Благоја Самаковски неговата сопруга и синовите Самоул и Веле Самак, актелниот вице-премиер за странски инвестиции. Поседуваат некретнини во странство и компании од висока технологија . Во овој момент основаат академија за високи технологии. Поседуваат и компанија во Индија и Русија. Најавија и инвестиции во трети земји. Важи за еден од најбогатите луѓе во Југозападниот дел на Македонија.



Сашко Самарџиовски - Ја поседуваат Прилепската Пивара заедно со неговата фамилија и имаат многу брендови со ексклузивитети и за Македонија како увозници на Туборг и Пригат како и Пепси и со крупните профити станаа една од најбогатите фамилии во Македонија. Поседуваат директно или на име на компанијата и низа недвижности, како станови во Скопје и во други делови во државата. Поседуваат и неколку други компании. Сега компанијата ја води Сашко Самарџиоски(Фото), а во техничкиот/производниот дел неговата сестра Панде Самарџиоска.





Орце Камчев - Неговото богатство отпочна во времето на приватизацијата на ланецот продавници Македонија Спорт од неговиот татко. Се занимаваше долго со лон и извоз на текстил а долго време ја имаше и гинеколошката болница Систина која ја основаа со Трифун Костовски но подоцна по разводот со Олга Костовска, Орце го презема бизнисот и контролата над профитабилната и ценета Систина. Од 2006 година наваму стануваат сопственици на многу компании во Македонија. Косопственик во болницата Аџибадем Систина, сопственик на Стопанска Банка Битола, ЗИК Пелагонија Битола, косопственик во Лозар-Пелистерка, Бетон Штип, МПМ Македонија преку која ги поседува весниците Дневник, Утрински Весник, Вест, Теа Модерна, ГТА, фармата Еуроленд екс Скопска Млекара, ресторанот Сушико и многу други компании. Преку ЗИК Пелагонија се здоби со управување на 10.000 хектари исклучиво плодна почва во Пелагонија. Богатството сега му се проценува на над 20 милиони евра.



Златко Пановски
- Еден од најбогатите наши сограѓани е сопственикот на веледрогеријата Пановски која беше поврзана со многу скандали од времето на владите на СДСМ затоа што токму преку таа веледрогерија се набавуваше материјал за клинички центар и болниците низ државата во износи од десетици милиони евра.



Фијат Цановски - Сопственик на успешниот и профитабилен универзитет ФОН, со бизниси и во градежништвото, покрај тоа поседува и разен деловен простор во родната Струга и во Скопје, земјиште на неговата фирма Фине и ексклузивен возен парк кој се состои од марките Бентли, Мерцедеси, Масерати итн. Претрпе огромни финансиски загуби со минирањето на објектот Космос и неговото богатсво со тоа се преполови но сеуште тежи милиони евра.



Страшо Милковски - Сопственик е на околу 15% на најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ која гради голем дел од Скопје 2014-та но редовно добива и тендери во странство тешки стотици милиони евра. Има повеќе компании со разна намена, недвижности во голем број. Преку Гранит поседува и компании во туризмот и хотелиерството.



Сиљан Мицевски - Екс градоначалникот на Битола ја приватизираше градежната компанија Пелистер која редовно добива тендери во РЕК Битола тешки и над 50 милиони евра. Тој и неговата ќерка имаат низа компании на свое име, а во многу компании се и акционери. Поседува голема градежна компанија која гради станови во Битолскиот регион, а фирмите во Скопје на неговата ќерка се во сосема други области. Денес е еден од најмоќните бизнисмени во Југозападниот дел и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Поседува десетици некретнини во Битола, Охрид, Скопје и цела Македонија. Го поседува и ланецот аптеки Еуро -Фарм. Тежи над десетина милиони евра.



Срѓан Керим - Спрема достапните податоци во Македонија, медиумите и информациите , бившиот дипломат на Македонија во ООН преку неколку компании е крупен акционер во низа медиумски компании. Многу богат со некретнини , станови во неколку Европски градови и Њујорк. Неговото богатство се проценува на неколку милиони евра. Релациите со Бодо Комбах и МПМ компанијата до неговите посредништва на балканот го направиле и добар комерцијалист. Само неговиот возен парк и на неговата фамилија е вреден стотици илјади евра. Повеќе за неговото богатство медиумите дознаа од скандалот со шишето со 750.000 евра во рацете на неговиот шофер фатен на унгарска граница за кое не беше покрената кривична постапка од државата. Сега е актуелен со настојувањето да стане претседател на државата.



Сашо Мијалков - Првиот човек на ДБК и прв братучед на Никола Груевски е мистериозен во неговите бизниси и богатството кое го поседува. Се поврзува со фирми во Чешка, деловни простори, се шпекулира во јавноста дека стои позади ИН Такси во Скопје, СГС - агенцијата за оебзбедување, ресторанот Арабеска. Според анкетниот лист кој го има доставено до Антикорупциска, неговото богатство тежи околу 2,7 милиони евра. Но, според неформалните информации кои кружат во јавноста неговото реално богатство е далеку над оваа вредност.



Трифун Костовски - Екс градоначалникот на Скопје и голем донатор со неколку милиони евра донирани во спортот и во цркви, има бинзисите кои му се простираат низ цела Европа, а му се поврзуваат со трговија со метали, банкарство и осигурителни компании. Познат е како сопственик на Кометал Трејд, банките Поштенска и Еуростандард, Еуро Линк осигурување, издавачката куќа Култура, дискотеката Б2. Ја продаде фармата Еуроленд на екс зетот Орце Камчев. Му пропадна инвестицијата во поранешната кафеана Хермес која не му дадоа да ја доизгради па градбата стои како карабина во парк и скапува. Моментално ја префрла машинеријата од велешка Порцеланка во Азербејџан. Претрпе големи загуби во измамата Фиком, каде голем број на хипотеки по издадени кредити му беа поништени. Се откажа од менаџирањето со ФК Работнички, ФК Вардар и ракометниот клуб Ѓорче Петров по донирани милиони евра во овие клубови. Сеуште тежи неколку милиони евра. Банката ја води синот Коста а осигурителната компанија ја води ќерка му Олга. Трифун времето го минува со својата невладина СГИ во која врши политички анализи и прави конференции и дебати.



Ванчо Чифлиганец - Сопственик и фронтмен на компанијата Адора Инженеринг, со која направи виситински бум во градежниот бизнис во Македонија. Последната година ја заврши со профит од 10 милиона евра. Поседува некоколу десетици милиони евра во станови во неколку објекти кои во моментов ги гради ширум целата држава. Првите пари ги заработи како екс генерален директор на рударскиот гигант од Радовиш, Бучим. Професор беше и на рударскиот факултет.



Јован Дабевски
- Сопственикот на млекарата „Здравје Радово“. Оваа млекара се прошири и во бизнисот со сокови. Моментално е едн аод најголемите млекари и производители на сирење, млеко и сокови во државата. Дабевски тежи неколку милиони евра.



Мите Николов - Бриљант Газда на фабриката за масло за јадење „Брилијант“ во Штип, сопственик на бензиски пумпи, царински терминал и на складиштето за нафта на Лукоил во Штип. Тежи десетина милиони евра.



Трајче Леов - Сопственикот на фабриката за бољери "Леов компани" од Велес, која беше гигант во комунизмот и се занимава со производство на бела техника. Но неговите бизнис се поврзуваат и со градежништвото. Првиот сопственик на луксузен автомобил Бентли.



Ниче Димовки - Сопственик на „Македон бетон“, фирмата која прави дел од бетонот за проектот Скопје 2014 и за другите објекти кои се градат на територијата на Скопје. Тој е шура на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.



Гоце Камчев - Сопственик на „Кам Маркети“ најголемиот и најпрофитабилен ланец на маркети во државава. Тој е чичко на Орце Камчев, брат на неговиот починат татко, Илија Камчев. Ланецот на Кам Маркети има над 60 маркети во државата, кој е првиот ланец на маркети кои се карактеристични по ниските цени и скромните рафтови и малиот избор на производи но квалитетни и евтини. Маркетите КАМ се интересни по тоа што може да се најде се што ти треба многу бргу, без оние финти на големите ланци со непрегледните километарски рафтови со милион производи кои те тераат да купиш работи кои реално не ти требаат. Голем дел од народот кој има ограничен буџет и кој штеди купува во КАМ маркет кој сепак успева да прави солидни профити. Гоце Камчев поседува и многу т.н интерни марки, тоа е производи со бренд КАМ со што дополнително ја зглемува профитабилноста на неговата компанија која ја води со својата ќерка. Гоце Камчев тежи сигурно над 20 милиони евра.



Глигор Бишев - Човекот кој 12 и пол години беше прв човек на Стопанска Банка и месечно земаше плата над 20 илјади евра, кој летово премина во Шпаркасе Банка сигурно за уште поголема плата. Претходно беше заменик гувернер на Народна Банка. Господинот Бишев е единствен на листата кој своите милиони ги има заработено од плата наместо од акционерски удел или целосно сопствеништво во фирмата во која работи.



Доне Таневски - најголем поединечен акционер во „Македонија турист“, во чија сосптвеност се и хотелите „Холидеј ИН“ и Бест Вестерн. Профитите на Македонија Турист се над 3 милиона евра годишно изминативе години. Со тоа и личното богатство на Доне сигурно е во неколку милиони.



Браќата Каленикови, - Зоран и Златко, - Сопственици на „Кадис“, увозникот на автомобилите „Сеат“ и сопственици на „Рено аутомотив груп“, увозник на „Рено“. Сопственици се и на ресторанот Форца Мобимак. Со долгите години на менаџирање на овие компании се имаат стекнато со неколку милиони евра богатство.



Зоран Азманов - Контроверзниот бизнисмен, сопственик на градежната компанија НАСТЕЛ која една деценија гради објекти низ Скопје и државата несомнено е еден од побогатите наши сограѓани. Цело време го следат скандали и афери но тој тврди дека тоа конкуренцијата цело време дига галама за него а тој уредно и легално си работи. Сигурно тежи неколку милиони евра.



Игор Лештар - Игор е еден од ретките милионери кој своето богатство не го стекнал со приватизација на некој комунистички гигант или пак со тендери со владата ниту пак парите ги заработил со градежништво, фармација, нафта или медиуми. Тој е од поновата генерација бизнисмени кој направи империја во ИТ индустријата со софтверскиот џин Сивус кој вработува стотици програмери во државава и извезува софтвер за целиот свет вреден милиони евра.



Роби Телекабел - или Роберт Димитров, сопственикот на кабелскиот оператор Телекабел и телевизијата 24 Вести. Со менаџирањето на кабелскиот оператор изминативе над 15 години, Роберт натрупа милиони евра богатство кое сега го троши по Флорида додека фирмите му ги водат други луѓе.


Бојо Андрески - Контроверзниот бизнисмен сопственик на Европскиот Универзитет, весникот Вечер, и стоматолошката ординација со негово име, Бојо е сепак еден од милионерите во државава. Поседува атрактивни локации во градот кои самие вредат милиони. Тој сега ја продава телевизијата АБ Канал во која инвестира неколку милиони евра, се шпекулира дека слабо му оди со универзитетот, но сепак Бојо сеуште важи за богат човек.



Ристо Ташев - Еден од најбогатите луѓе во државава е и сопственикот на Жито Вардар од Велес, најголемата компанија за производство на храна во државава која во моментов поминува низ тежок период со неколку години работа со загуба, но сепак фамилијата Ташеви поседува милиони евра во недвижнини, фабрики, фарми, земја, стока итн итн кои сигурно вредат неколку милиони евра.



Живко Радевски - Долгогодишниот директор на гигантот Млекара Битола, откако ги продаде своите акции во млекарата на српски Имлек за неколку милиои евра, реши да се пензионира и да ужива во староста. Србите потоа решија да увезуваат српско млеко во Македонија и со тоа нанесоа голема штета на битолските млекари, ама тоа се пазарни механизми и нема што тука да се лутат млекарите. Додека можеше Живко се бореше но реи да дигне раце и да си ги искешира акциите и тоа дебело. Сега важи за еден од најбгатите Македонци.



Жан Митрев - Хирургот Жан Митрев е пионерот на кардиохирургијата во Македонија и овие десетина години успешно работи и скапо си ја продва својата стручност со оглед на тоа што долги гоидни немаше конкуренција. Сега тука е Салис Таџер во Систина и секако приходите се опаднати. Доктор Митрев долги години имаше субвенции од државата, а опремата вредна милиони евра му е подарок од министерството за одбрана од времето кога министер за одбрана во владата на Герогиевски беше екс премиерот Кљусев. Но од друга страна државата заштеди милиони евра со тоа што плаќаше поевтини операции дома наместо пациентите да одат во странство. Неодамна доктор Митрев најави амбициозен план за изградба на огромна ноба болница со што најави дека ќе се дислоцира од сегашната локација во Воена Болница. Во секој случај повеќе од сигурно е дека доктор Митрев тежи повеќе милиони евра на банковна сметка.



Стојан Клопчевски - Еден од најбогатите Македонци несомнено е и екс директорот на Вардар Осигурување, Стојан Клопчевски. Тој во пред неколку години го продаде контролниот пакет, поточно 75% од акциите на триглав Осигурување за фантастични 30 милиони евра. Голем дел од оваа сума му припадна нему како најголем акционер. Не се знае дали сега господинот клопчевски се занимава со некој бизнис, познато е дека неговата ќерка екс мисицата Драгана Клопчвеска го купи Хард Рок за пола милион евра и од него направи салон за манифестации и изложби.



Цветан Панделески и Тане Николоски - Газдите на Пелистерка долги години важат за едни од подобрите и побогати бизнисмени. Пелистерка е силен бренд а тие се проширија со безалкохолни газирани сокови а влегоа и во партнерство со Орце Камчев и во други бизниси. Подолго време се парцијални сопстеници и од ултра популарниот ресторан Клуб Тренд. тежат сигурно неколку милиони евра.



Дарко Панчев - Дарко е еден од неколкуте спортисти кои вистински се збогатија со својата спортска кариера. Играјќи за Вардар, потоа за Црвена Ѕвезда и на крај фантастичниот трансфер во Интер, сигурно дебело го наполнија портмонето на Дарко кој потоа инвестираше дел од парите во неколку кафулиња и во грандиозна куќа на Водно. Исто така неофицијално Дарко поседува и стан во Милано.



Горан Пандев - Милионските суми кои ги добива секоја година изминативе десетина години играјќи за големите клубови Лацио, Интер и Наполи сигурно направија од Пандев мултимилионер. Тој дел од парите вложува во Струмица, во ресторани, во хотели и во фудбалски школи. Тој според формата ќе печали големи пари уште миниум 5 години. Горан е пример дека доколку се посветиш на нешто максимално и доколку вложиш труд тоа ќе се исплати.



Џемаљ Даути - Соственикот на Даути Комерц, компанијата која произведува сувомеснати производи но е преставник за Македонија и на многу странски брендови е еден од најбогатите наши сограѓани. Сигурно тежи неколку милиони евра.



Нухи Алиу - Нухи е газдата на Еуро Актива, компанијата која амбициозно се зафати со грандиозниот проект Гранд Престиж, комплексот стамбени згради на просторот на порнаешната фабрика Алумина во Козле за кој земаа кредит од Сропанска Банка од вртоглави 70 милиони евра! Првите станови се веќе готови и се спремни за вселување. Компанијата инаку се бави со градежништво и трговија со градежни материјали.



Мите Јовановски - познат како Мите Макоил е газда на бензиските пумпи Макоил но и на хотели, ресторани и сервиси за технички преглед и сервисирање на возила. Сигурно тежи неколку милиони евра.



Ратко Димитровски - Градоначалникот на Кочани е еден од најбогатите Македонци. Сопственик е на џиновската печатница Европа 92 која беше опремена со милионска помош од Сорос фондација во 90-тите за да биде конкуренција на државната печатница на НИП Нова Македонија. Сега со вредност од неколку милиони евра, таму се печатат весници, постери, списанија, книги, тетратки итн итн.
http://www.maktel.mk/makedonija-2/it...gati-makedonci

Бугарски акционни комитети - 1941 г.

$
0
0
Пуштена е книгата
Българските акционни комитети в Македония — 1941 г.

Димитър Минчев

Македонски Научен Институт — София, 1995
Македонска Библиотека № 34

http://www.promacedonia.org/dm2/index.htm


Се е документирано.

Еден интересен документ


№ 10
ПРОТОКОЛ ЗА СЪЗДАВАНЕ НА МЕСТЕН БЪЛГАРСКИ АКЦИОНЕН КОМИТЕТ В ГРАД ВЕЛЕС

Велес, 14 април 1941 г.

Днес[,] 14. IV. [19]41 г. [,] при многолюдно събрание в гр[ад] Велес се избра по инициативата на Центр[алния] акц[ионен] комитет за Македония със седалище Скопие, при участието на секретаря В[асил] х[аджи] Кимов, общограждански акционен местен комитет за гр[ад] Велес при следните избрани лица: Борис Андреев, Никола Тошанов, Мино Минов, Панко Брашнаров, Страхил Гигов, Ацо Шукаров, Коце Ванов, Тоде Майсторчето, Димче Гърбев, Гиго Ковачов, Ангел Панов, Йордан Сребров, Георги Гьорчев, Лазо Кицов, Саздо Хаджипетрушев, Ангел Корабаров, Коце Ончев, д-р Димче Смилев, Лазо Стоянов, Милан Андов, Страхил Гьоргов, Димко Урумов, Никола Кирков, Димко Страчков, Киро Зафиров, Коце Зафиров, Лазо Крепиев, Гьошо Органджиев, Петър Алчев, Дамян Иванов, Ордан Габеров, Владо Андов, Васил Зафирчев и Ангел Мазнев.

Комитетът се съгласи да приеме инструкциите на Центр[алния] акц[ионен[ ком[итет] за Македония.

а именно:



1. Да представлява гр[ад] Велес пред всички власти и защищава неговите икономически, политически и културни интереси.

2. Комитетът излъчи от своята среда Изпълнителен акц[ионен] комитет за гр[ад] Велес в състав от 8 души.

[Следват подписите на членовете на Изпълнителния комитет.]

Председател: Лазар Крепиев
Подпредседател: Борис Андреев
Секретар: д-р Ангел Панов
Втори секретар: Лазо Стоянов
Съветници: Панко Брашнаров, Саздо х[аджи] Петрушев, Страхил Гьоргов, Д-р Димче Смилев, Страхил Гигов.

ЦДИА, ф. 396, оп. 1, а- е, 37, л. 11—12. Оригинал, ръкопис; Минчев, Д. Формиране и дейност. . ., с 80.

УШТЕ ДВЕ МЕДАЉИ ЗА МАКЕДОНИЈА!

$
0
0
Македонија како трета најсиромашна земја во Европа ја има и макотропно се бори да ја сузбие, и од Албанија го превземе второто место на листата „НАЈСИРОМАШНА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА“.

За златото ич и да не правиме муабет, нема држава која нашиот премиер не ја посети, а бизнисмените од истата сериозно не беа заинтересирани да инвестираат во Македонија, каде во иднина се планира да се отворат нови работни места (стави број поголем од 1000, добро и многу звучи), и конечно да биде оствареното она кое веќе со аманет е оставено „по еден вработен од секоја фамилија“.

http://fokus.mk/zbor-dva/ushte-dve-m...za-makedonija/

Има ли нещо подобно в света?

$
0
0
Две гранични държави с еднаква религия и имена на хората и 90% подобни езици (10% сърбизми във фиромския) и да имат съвсем различна история? Това чисто практически възможно ли е? Дайте ми подобни исторически примери. Само примери. Сърбоманско-античната ви риторика нали си знаете, че важи само в Скопие и при титовите емигранти в Австралия (когато са емигрирали са били с промити от югокомунистическата образователна система мозъци и са емигрирали под контрола на УДБА)?

Интелектуалците во Македонија

$
0
0
Цитат:

Напишано од Andrej (Мислење 554443)
Се додека интелектуалците се сокриени во некоја дупка, не очекувајте народот поради талибанската борба да излезе и да завземе страна на опозицијата..... Кога е криза (ниски примање, нередовни, а такви ги држи оваа власт) тогаш со малку пари се купува се, а ако нема пари, тогаш малку страв делува .... Затоа не може со талибанска борба против оваа власт ...

Заев и Шекеринска ке се изнашетаат меѓу народот, овие ке им викаат дека се во право и на избори ке биде титаник .... Без интелектуалците позади себе, без нивниот јавен и отворен став, НЕМА победа на избори ....

Со све се сложувам со тебе , само ќе додам за мене ова МОРА за успех на избори 1.Попис 2. Техничка влада 3. Нови изборни закони со све чистење на листи.

Ме интересира твое мислење како дефинираш интелектуалец во наши услови

БОЈКОТ на избори

$
0
0
Саше да збори за Милчин е стварно крајна перверзија! Човекот го мења ставот за Милчин на две недели. Прво го викна во емисија и проба да го надмудри. Милчин му одржа вистинска лекција. Па доби пари од Сорос и почна да го фали Милчин. Па почна пак да го плука. Па напиша колумна „Милчин царе“ и се прогласи за „соросоид“ бр.1. Па сега пак го плука. Смешки невидени!

Како одработуваат Курир, Нетпрес, Прес 24 и останатите?

$
0
0
..zashto kurir,netpres i pres24 ne ja objavija taa slika???...ke bide mnogu interesno !!

Љубе Бошковски - заборавен од македонската јавност

$
0
0
Писмо од Љубе Бошковски до македонската јавност..
Цитат:

Почитувани Мои сестри и брајќа, го поздравувам годишното собрание на Обединети за Македонија во предвечерието на петата година од формирањето на Обединети за Македонија. Од движење преку претседателските избори со слоганот „Обединети за Македонија” и предвремените парламентарни избори, како и локалните избори се профилиравме во силна политичка партија а денес на ова годишно собрание ја покажуваме оправданоста на нашата борба и на нашето постоење.
Дозволете ми да од длабочината на мојата душа, од моето страдалничко срце да ве поздравам вас најхрабрите, ќерки и синови на Македонија претседателите на Месните и Општинските Организации, Обединета Младина за Македонија душата на Обединети за Македонија како и нашите членови и симпатизери БЛАГОДАРАМ.
Почитувани, Обединети за Македонија не е ни 4-та, ни 3-та ниту пак 2-ра политичка партија на македонската политичка сцена, но е единствената сила без која не може да се замисли политичката иднина на Македонија.
Полека влегувам во 7-та година на моето заточеништво за Македонија, ние кои длабоко во себе ја носиме идеологијата на ВМРО, скапо сме ја плајќале слободата за Македонија, но знаевме и знаеме Македонија нема цена. Св. Павле во обрајќањето кон Коринтјаните ќе рече: „Тие не прогонуваа ние трпевме“. Силна е пораката на Св. Павле за трпението и издржливоста, затоа секој мој говор, секој мој разговор со вас сестри мои и брајќа го завршувам со пораката ИЗДРЖЕТЕ.
Да издржиме во борбата против расколниците на ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ тие немаат сон за Македонја, ниеден вмроовец не гинел, не се борел робувал, и страдал за ваква режимска и апартхејска Македонија. Македонија која ја поделија како на две нации, на предавници и патриоти, антички и словени, на верници и неверници ја поделија по сите основи.
Затоа мораме да издржиме во борбата за сонот на генерациите страдални, за Македонија да биде јаве.
Никогаш не ми било важно со колку години робување ќе биде послан, ќе биде распослан тешкиот пат до слободата, никогаш нема да ви се жалам ни солза да пуштам, знам дека заедно со вас и со мојот народ ќе ги скршиме тешките окови со кој на политички, економски, безбедносен најмногу на евроатланскиот пат е заробена Македонија. Јас силно верувам во вас, во мојот народ, како што верувам во светците и во бога, верувам во моќта негова која неможе да се види, затоа што зборев и зборувам во моите говори, никој не може да победи народ!!!!!! А народот бил и ќе остане собран околу стожерната политичка партија Обединети за Македонија.
Сестри мои и браќа, многу значајни историски и политички одлуки на најголемите борци за слобода донесени се од мрачните и студени затворски ќелии, така најголемиот меѓу нас, највозвишениот кој во борбата за слобода ги достигна хималаите Нелсон Мандела одлуките против апархејдот и неговата борба за слобода за него и неговиот народ ги донесе од затворските ќелии, затоа ве повикувам со еден минутен молк му одадеме почит и се поклониме кон неговото и општо човечко слободарско дело.

http://www.plusinfo.mk/vest/118996/V...nskata-javnost
Пред да почнете да го напаѓате... немој да заборавите дека Љубе беше Хашки затвореник и од таму ги бранеше македонските интереси...:cool:

СДСМ формира партиски организации во дијаспората

$
0
0
Цитат:



Вечерва формирана првата партиската организација на СДСМ во дијаспората

СДСМ започна со формирање на партиски организации во дијаспората (ПОД).
Првата партиска организација во дијаспората во историјата на СДСМ е формирана вечерва во Фелтре/Тревизо во Италија.
Партиската делегација е предводена од меѓународниот секретар, Јован Деспотовски, а во нејзин состав е и пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова.
Делегацијата викендов продолжува со посети на други региони во Италија и Швајцарија.
http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?...articleId=9424

Цитат:



Формирана втората партиска организација на СДСМ во дијаспората

Продолжува посетата и отворањето на партиски организација на СДСМ во дијаспората (ПОД). Денес е формирана организација во Локарно, Швајцарија за кантонот Тицино.
Пред присутните сонародници од Македонија се обратија меѓународниот секретар на СДСМ, Јован Деспотовски и пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова. Посетата на Италија и Швајцарија продолжува и утре.
http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?...&mId=55&agId=2

Цитат:



СДСМ формираше партиска организација на СДСМ во Равена, Италија

Делегацијата на СДСМ, во чиј состав се меѓународниот секретар на СДСМ, Јован Деспотовски и пратеничката Цветанка Иванова ја продолжи посетата на Италија.
Во текот на вчерашниот ден, делегацијата на СДСМ беше во Удине каде се одржа годишна средба на Здружението на иселеници од Македонија, Insieme.
Во текот на денешниот ден беше формирана третата партиска организација на СДСМ во дијаспората во Равена за регионот Емилија Ромања.
http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?...&mId=55&agId=2

Две години затвор за Слободан Богоевски

$
0
0
Цитат:

Две години затвор за Слободан Богоевски

На две години затворска казна за кривично дело перење пари, скопскиот Кривичен суд пред малку го осуди поранешниот директор на Службата за државна безбедност, Слободан Богоевски. Тој по барање на обвинителството од попладнево ќе излезе од притворското одделение на затворот „Скопје“ и ќе замине во домашен притвор.

Богоевски е еден од обвинетите во случајот „Агент“. Станува збор за постапки од пред 13 години кога првпат на продажба било понудено државно земјиште. Станува збор за плац со површина од 19.000 квадратни метри, во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Првообвинетиот Васко Томановиќ, тогашен правен застапник на фирмата „Централ Балкан инвестмент – ЦБИ“, од Никозија, за злоупотреба на службената положба и и за перење пари доби три години затвор.

Владимир Пешликовски за кривично дело перење пари доби две години.

Митја Валич, словенечки државјанин на кој му се суди во бегство, како тогашен претставник на словенечки „Меркатор“, доби затворска казна од две години поради злоупотреба на службената должност.

Ален Јегени, управител во фирмата-ќерка на кипарската фирма „Централ Балкан инвестмент – ЦБИ“ од Никозија и Даниела Трајковска, управител на фирмата „Инвестмент интернешенел“ на словенечки „Меркатор“, добија по две години затвор, казна која нема да ја издrжуваат доколку во рок од четири години не извршат кривично дело.

Јавното обивинителство побара од судот обвинетите Томановиќ, Пешликовски и Богоевски до прависилоста на пресудата да бидат во домашен притвор, а за Митја Валич да важи мерката притвор од моментот на негово апсење. Судот одлучи дека обвинетите правосилноста на пресудата ќе ја чекаат на слобода и воведе превентивни мерки - задолжително јавување во полициска станица.

Обвинетите треба да платат и штета, која според обвинението, изнесува 850.000 евра.
Извор: +Инфо

Дали СДСМ може да направи повеќе за ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО од тоа што сега го прави актуелната власт?

$
0
0



Земјоделството е исклучително битна гранка за Македонија... Ако на територија на Македонија немаме нафта, или ако Македонија не излегува на море, тогаш барем можеме да се пофалиме со квалитетно земјиште... Кое што за жал во голема мера останува неискористено...

За претходниве 20 години ништо не се направи... ДПМНЕ за нијанса ја подобри состојбата кога ја презеде власта во 2006 година, меѓутоа оттогаш наваму од година во година, состојбите се сè полоши... Во моментов власта ги третира земјоделците како „гласачи“ и ништо повеќе од тоа...

Македонија УВЕЗУВА ХРАНА... Бројките велат дека секоја година се одлеваат сè повеќе пари за храна...
Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме...

Верувате ли дека СДСМ може да направи повеќе за ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО од тоа што сега го прави актуелната власт?
Способен ли е СДСМ да го направи животот на земјоделците подобар од што е сега?

Од Програмата на СДСМ...
1. Ќе се воведе бенифициран стаж за земјоделските работници
2. Земјоделците ќе бидат ослободени од исплата на персонален данок
3. Минимален износ од 10 милиони евра годишно ќе се издвојуваат за инвестиции во системи за наводнување
4. Ќе се воведе нов систем на исплата на субвенции со кој што оние земјоделци со поголеми приноси ќе добиваат повисоки субвенции


Ова е еден дел од мерките кои што се досега промовирани...

Ме интересира ставот на неколку воденичари кои што ги сметам за релевантни дискутанти за оваа работа...
Пред се’, татататира, Трн, Александар Македонски, АБЦ итн.
Мислењето на некои нив за кадровските решенија на СДСМ ги знам, но ме интересира што мислат за наведените четири мерки... За секоја поединечно...

Се разбира, добро е да се прочита ставот и на останатите воденичари!


Истите луѓе, некогаш и сега

$
0
0
Истите луѓе, некогаш и сега





Viewing all 1887 articles
Browse latest View live