Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all 1887 articles
Browse latest View live

Бело


Бугарската гранична полиција уапси двајца македонски градоначалници

$
0
0
Цитат:

Градоначалниците на Виница и Кочани во притвор во Бугарија поради куршуми?


Градоначалникот на Виница, Емил Дончев, и градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, по наредба на Јавниот обвинител (ЈО) на Благоевград, Бугарија, се задржани во 24 часовен притвор, откако претходно биле уапсени на државната граница на Бугарија со Македoнија, јави бугарската агенција „Фокус“.

Според информациите на „Фокус“ Дончев и Димитровски, биле уапсени синоќа околу 19:30 часот, на граничниот премин Станке Лисичково/Делчево, откако граничната полиција при преглед на автомобилот марка „цитроен“ со македoнски регистарски таблички во кој се возеле двајцата градоначалници, пронашла 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки патрони, калибар 22.

Како што информира „Фокус“, полицијата го известила дежурниот ЈО, кој наредил 24 часовен притвор за градоначалниците.

Плусинфо од МНР побара да ја потрди информацијата, но до објавувањето на веста, портпаролот на министерството не одговараше на својот службен телефон.
http://www.plusinfo.mk/vest/117629/G...oradi-kurshumi

...e ova se talibanski gradonachalnici...sram za Makedonija...

Прво вработи ги, па после „ПУ, ПУ, НЕ ВАЖИ“

$
0
0
Не разбрав зошто оние 1600 од лотаријата за шуми се во интернатот во Скопје?

Ретроспектива - Терористички закани врз амбасадата во Прага (ноември 2012)

Архаична куќна галантерија

$
0
0
Миленце!


Кукла купена у Венеција или ТрС која заземаше централно место
во спалната соба!



Почина Нелсон Мендела

$
0
0
Починал Нелсон Мендела.

Бог да го прости.

2014 FIFA World Cup Brazil

$
0
0
Group A
Brazil
Croatia
Mexico
Cameroon


Group B
Spain
Netherlands
Chile
Australia


Group C
Colombia
Greece
Cote d'Ivoire
Japan


Group D
Uruguay
Costa Rica
England
Italy


Group E
Switzerland
Ecuador
France
Honduras


Group F
Argentina
Bosnia-Herzegovina
Iran
Nigeria


Group G
Germany
Portugal
Ghana
USA


Group H
Belgium
Algeria
Russia
Korea Republic

ПАСОШИ: Вугринец и Прибак ќе играат за Македонија на ЕП 2014?


IQ-то на поедини членови и паралелни светови

$
0
0
Го читам форумов и си извлекувам некои заклучоци. Врз основа на теми и постови од членови. И сега се прашувам како некои може да бидат толку интелигентни и „сестрани“ и да имаат познавања од многу работи, а се против одредена опција, а други кои се за таа другата опција само верглаат у празно. Тоа се гледа и по артот што се постира во меанава, само да се спореди инвентивноста на некои членови што се против опцијата со репетитивноста на некои други кои се за опцијата на кои цело време вокабуларот им се состои од 3 фрази, како на пр. обадинтерени (башка не се вика бадинтер, најверојатно е бадентер), почитувани членови, воведничар, сакам да истакнам, факти и аргументи, две соседни букви во абецедата (втората и третата) кои постојано ги употребуваат и тука им завршува репертоарот (и мене исто така за такви)

Изгледа живееме во паралелни светови со различен систем на вредности

ЛГБТ популацијата и поврзаноста на Александар

$
0
0
Цитат:

Напишано од ROMA (Мислење 551729)
Само не ми е јасно зашто тоа цел свет се уротил против нас ?:zbunet:
Цитат:

Тоа се само приказни што му се измислуваат на Аце за полесно да не примат во НАТО и ЕУ, кадешто педерите се на ептен висока цена.

Цитат:

Напишано од Andrej (Мислење 551791)
Ај малку објасни го ова за да може да разбереме .... За светот ацика е грчки јунак ... Во сите истории тоа го пишува ....

И сега они го прават педер за да не не примат нас во НАТО и ЕУ ....???

Сакаш да кажеш дека треба и ние да бидеме педери за да не примат во ЕУ и НАТО, зашто грците чии јунак е, се веќе и таму и таму ....???


“Светот се уротил“ ... не против, туку за педеризмот.

Тезата е точна ако под “свет“ го подразбираме “цивилизираниот свет“, т.е. НАТО/ЕУ/Ју-Ес-Еј. Луѓето си имаат зацртано правец, си туркаат нивна агенда, наметнуваат нови “цивилизациски вредности“, и за таа цел ги користат сите средства што им се на располагање. Едно од најважните им се средствата за масовно перење мозок.

Александар Македонски почитуван и славен низ целиот свет (тука под свет не подразбирам само НАТО/ЕУ итн). Самиот спомна дека е “грчки јунак“. Како херој го славеле и во Отоманската Империја, и во Персија, и во Авганистан, и сегде кадешто бил. Ретко кој освојувач во историјата ја имал таа харизма - да го сакаат сите, дури и оние што ги покорува. Е сега, да му се прикачи етикета “педер“ на една таква исклучителна историска личност, е огромен успех за пропагандата на новоцивилизациските педерски хумани вредности.

Тука е забелешката за оние што го сакаат НАТО, а го мразат “грчкиот педер Аце“. Ако го сакаш НАТО, значи ги сакаш и цивилизациските вредности на НАТО, вклучително и најважната. Од друга страна, ја мразиш најзначајната икона на тие цивилизациски вредности (за потсвеста е апсолутно небитен фактот дека иконографијата е измислена и анимирана во Холивуд).




Ако на едно тело дејствуваат две сили, еднакви по интензитет и правец, но спротивни по насока, тоа тело не се помрднува од местото. Прост физички закон кој би требало да биде повод да се разреши еден сериозен внатрешен конфликт кај одредена политичка програма.

Чудни појави во соседни држави

Колку пари одзеде владата од сметката на УКИМ?

$
0
0
Гледам дека ниту еден медиум нема ни збор спомнато за овој скандал.

Имено, од информации од луѓе блиски на ректорот Велимир Стојковски дознавам дека пред некој ден владата си земала за право да одземе финансиски средства од УКИМ, веројатно за да покријат мал дел од нивните финансиски дупки.

Изворот исто така кажува дека веќе неколку дена ректорот на Универзитетот е многу нервозен поради тоа, најверојатно бидејќи нема начин како да ги оправда таквите трансакции, поготово ако се земе фактот дека по којзнае кој пат владата се меша во автономијата на Универзитетот.

Во исчекување сум да истражувачкото новинарство доколку сеуште постои, го обелодени овој скандал!

За и против членство во про-Руски ЕАУ и ОДКБ

$
0
0
Мислам дека треба за ова да се дебатира

По растурањето на Варшавскиот договор, во 2002 год., шест од наследничките на СССР - Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан, ја формираа „Организација за Колективна Безбедност“ или ЦСТО.

Узбекистан си замина во 2012, а Украина , Авганистан и Србија од 2013 се посматрачи.

Дали ние би имале корист или штета?

Изборни неправилности 2014

$
0
0
Почеток на криминалните активности на ВМРО ДПМНЕ за престојните избори претседателски/парламентарни.

Да потсетам сите овие се кривично дело од кривичниот законик со казни затвор до 7години. Тежината е иста да продаваш дрога или да создаваш изборни неправилности.

СКАНДАЛ: Вмровци собираат лични карти на 20 луѓе за да го задржат работното место!




До четврток илјадници ново вработени вмровци ќе мора да соберат по 20 лични карти и матични броеви на граѓани од македонска националност, кои треба да гласаат за владејачката партија на парламентарните и претседателските избори кои ќе се одржат во април дознава порталот Скај.

Според информациите, кои, Скај ги доби од административец кој бил "присилен" да собира лични карти на луѓе, овој процес се случува веќе еден месец како пред подготовка за претстојните избори.
http://maktel.mk/makedonija-2/item/9...abotnoto-mesto

APSENJA ZA MESTENJE


Криминал со криење даноци и лажна продажба

$
0
0
АФЕРА ОТПАД КОЈА СЕ НАДОВРЗУВА НА АФЕРА АРИЕЛ
Како им успева?

Според официјалните податоци од полицијата, се работи за група составена од 14 членови, од која седум веќе се уапсени, кои се занимавале со незаконска трговија со железо и метални производи и со тоа и нанесувале штета на државата. Поднесена е кривична пријава до А.Н.(34), поранешен основач и управител во друштвата „Николчев Компани“ ДООЕЛ и „Николчев Груп“ ДООЕЛ, Д.С.(29), поранешен содружник и управител во друштвото „Николчев Груп“ ДООЕЛ, сега основач и управител на ТП „Дасто“ 2012, С.И.(34), основач и управител на „Глобал интернешенел“ ДООЕЛ, тројцата од Скопје, Д.С.(35) од Велес, основач и управител во друштвото „Стојановски рециклинг“ ДООЕЛ, Л.Д.(35) од Велес, поранешен управител во „Глобал метал скрап“ ДООЕЛ, Д.Ш.(36) од Велес, управител во друштвото Глобал метал скрап ДООЕЛ за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночно затајување“, К.К.(33) од Охрид, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночно затајување“ во врска со „поттикнување“, Р.Т.(40) од Скопје, основач и управител на друштвата „Алучел“ ДООЕЛ и „Отпад маце“ ДООЕЛ, А.Т.(26) од Охрид, основач и управител на „Тадиќ рисајклинг“ ДООЕЛ за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и Б.М.(35) од Крушево, основач и управител во „БМ Мамудовски“ ДООЕЛ, А.Т.(37) од Скопје, основач и управител на „Метал процес терм“ ДООЕЛ, Скопје, Ѓ.И.(35) од Скопје, основач и управител на „Маестрал плус“ ДООЕЛ, за сторени кривични дела дело „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ во врска со „помагање“ од Охрид, основач и управител „Стилворк“ ДООЕЛ, Н.Т.(29) од Охрид, основач и управител „Стилворк“ ДООЕЛ за сторени дела „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против правното лице „Глобал метал скрап“ ДООЕЛ од Велес за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според МВР, криминалната група од 2010 година досега затајувала данок, а организаторите на криминалната група како посредници за продажба на отпадните суровини набавени „на црно“ ги користела правните лица Стојановски рециклинг ДООЕЛ и Ника скрап ДООЕЛ кои имале склучено договор за продажба на отпадни суровини со „МАКСТИЛ“ АД.

- Во текот на 2011 година, против дел од членовите на криминалната група веќе беше поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „даночно затајување“ (случај „Ариел“) и против нив е во тек судска постапка. Покрај поднесената пријава, членовите на групата продолжиле со вршење на истите кривични дела, но го смениле начинот на делување, односно основале повеќе правни лица (Тадиќ рисајклинг, Стилворк, отпад Маце) каде што како основачи и управители во Ценралниот регистар запишале лица со низок материјален статус, а со истите фактички управувале организаторите на криминалната група, изјави портпаролот на МВР. Овие правни лица, појасни, биле користени за изготвување лажни фактури за плаќање на извршен наводен откуп на отпадно железо со преметан ДДВ кои ги насочувале кон правните лица Николчев Груп ДООЕЛ и Ника скрап ДООЕЛ. Со лажните фактури се покривал откупот на отпадно железо кое го вршела криминалната група „на црно“ за кое плаќањето се вршело во готовина надвор од платниот промет. Со плаќањето на лажните фактури на сметките на наведените правни лица се обезбедувал прилив на поголеми износи на парични средства кои се подигани како готовина и користени за набавка на нови количини на отпадни суровини од дивите собирачи надвор од платниот промет „на црно“.

Криминалната група за „наводниот“ откуп на отпадно железо од овие физички лица, информира Котески, изготвувала лажни кантарни белешки од правните лица со кои располагала.

- За извршената услуга физичките лица добивале од 500 до 1.000 денари. Поради неможноста да обезбедат доволно трансакциски сметки од физички лица членовите на криминалната група во 2012 година го формирале правното лице ТП Дасто 2012 кое го користеле за изготвување на лажни фактури со пресметан ДДВ за потребите на правното лице Глобал Метал Скрап со што му овозможувале на ова правно лице да се обезбеди со влезен ДДВ кој потоа неосновано бил пребиван со излезниот ДДВ. Воедно со плаќањето на лажните фактури на сметката на ТП Дасто 2012 пристигнувале големи приливи на парични средства, кои Далибор Стојмановски ги подигал како готовина, со што криминалната група, и покрај законските ограничувања, успевало да се стекне со поголеми износи на готовина за набавка на нови количини отпадно железо надвор од платниот промет (на црно), образложи помошник-минситерот за односи со јавност во МВР.

Котески истакна дека затаен е ДДВ во вкупен износ од 54.466.589 денари и персонален данок во вкупен износ од 20.660.137 денари, односно по двата основи да затаи данок во вкупен износ од 75.126.796 денари.
Четиринаесет лица од Скопје, Велес и Охрид, формирале злосторничко здружение и преку 10 фирми кои ги основале, работеле како криминална група и затајувале данок со што направиле штета на буџетот од 1,2 милиони евра, тврди МВР.

Груевски да не се крие зад партиските соопштенија!

$
0
0
Премиерот Груевски нека не се крие зад париски соопштенија на неговата ВМРО-ДПМНЕ – порачуваат од СДСМ.

„СДСМ му укажува на премиерот Груевски, како и на неговите соработници дека сокривањето можен криминал е кривично дело. Еве го потсетуваме премиерот Груевски за која владина информација станува збор. На неговиот соработник Пешевски, од 12.11.2013, каде што тој разработува план за заобиколување на скандалот! А Груевски молчи. Ги повикуваме Груевски, Пешевски и Ристовски да објаснат зошто кријат дека во Битола, Врапчиште, Струга, Кичево, Дебар, Могила, каде што градоначалниците се од редовите на власта, се трупале вработени со што е направен долг од 9 милиони евра поради превработеност? Во услови кога бројот на ученици, како што самите констатираат, има тренд на опаѓање“ – прашуваат од СДСМ.

Меѓу останатите прашања што СДСМ ги упатува до Груевски, Пешевски и Ристовски се и тоа зошто молчат за по 5 пати поскапиот превоз за ученици, од 873 денари во Гевгелија, до 6.000 денари по ученик во Ресен.

„Зошто молчат за сомнителните тендери во кои е пријавувана тројно поголема површина за затоплување училишта, во општини каде што раководи кадар на власта? И за разликите во набавката на енергенси и превоз за што самите изразуваат сомнеж, за над 40 општински тендерски документации?! Зошто Груевски, Пешевски и Ристовски не ги пријавиле скандалозните податоци до надлежните институции, ако дошле до сознанието дека 54 општини должат над 17 милиони евра поради сомнителни тендери?! За само две години, од 2010 до 31.08.2012 година. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои во 7-годишното владеење потрошија 17,5 милијарди евра пари на граѓаните и сега ги туркаат општините во презадолженост со што се нанесуваат сериозни штети на државата“

Ич Курир да не ти Чуе: Спин доктори

$
0
0
Вртелешката во Скопје и пречеше на опозицијата сега изградија своја во Струмица!:nemiseveruva:

Цитат:

Поставувањето на вртелешката на градскиот плоштад во Струмица ќе беше нормално и очекувано, само ако при поставувањето на слична таква вртелешка во Скопје, жестоко не реагираше и се противеше опозицијата. Против поставувањето на вртелешката во Центарот на Скопје, беа голем број на високи партиски функционери на СДСМ, градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, како и невладината „Плоштад Слобода“, која важи за организација која е блиска до ставовите на СДСМ
http://kurir.mk/makedonija/vesti/140...ja-vo-Strumica

Еве како изгледа вртелешката во Струмица:


А еве ја вртелешката во Скопје, која чини 160 000 евра:

Власта ја претвори лустрацијата во сатанизација на неистомислениците!

$
0
0
Процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците. Оние што се уште се активни, се казнуваат заради слободата на изречениот збор и критиките упатени на адреса на власта. Гревот на починатите е што имале доблест да се вградат себе си во создавањето на идентитетот на нацијата и државата Македонија, изјави пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски.

- Целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, живи или починати, кои интелектуално, идентитетски или политички му пречат на режимот. Токму затоа двајцата членови предложени од СДСМ пред повеќе од една година поднесоа оставки и не учествуваат во работата на овој срамен партиски суд. Денешното гласање само ги формализира оставките. Со овој чин, целокупната одговорност за политичкиот линч на неистомислениците со власта, преку процесот на лустрација, во минатото, денес и во иднина, паѓа исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ - рече Ивановски на денешното продолжение на 52 собраниска седница, каде беа усвоени оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски од функцијата член на Комисијата за верификација на фактите.

Украина

$
0
0
Ескалира состојбата во Киев

Украина ХАОС. Судири , повредени


Колку тешко се дава власта:nemiseveruva:
Viewing all 1887 articles
Browse latest View live