Цитат:
Македонија не е во приоритетите за проширување на Литванското претседателство Литванија, рече на амбасадорот на Република Литванија задолжен за Македонија со седиште во Будимпешта, Ренатас Јушка, на денешната седница на Комисијата за европски прашања во Собранието. Во комисијата се презентираше програмата и приоритетите за работа на Литванското претседателство со Европската унија за периодот од јули до декември годинава . - Знаете, приоритетите се нешто што си го зацртувате пред себе во областите каде мислите дека може да имате напредок. Таков е жанрот. Ние се обидуваме да бидеме многу точни во поглед на нашите приоритети и кога станува збор за приоритетите околу проширувањето, оваа земја не е таму и иако ова може да звучи недипломатски или грубо, сметам дека ова е сигнал кој се обидуваме да ви го испратиме, зашто сме загрижени. Не гледаме напредок во многу области, можеби во повеќето. Знаете, мојата задача овде не е да ви проповедам, нема да правам шеги на ваша сметка и јас би бил загрижен на ваше место, зашто списокот на нашите грижи е голем и долг. Се работи за очекувањата на земјите членки на ЕУ во поглед на владеењето на правото, борбата против корупцијата, изборните реформи, слободата на говор. Литванија е млада земја членка. Минавме низ тешки реформи но ние работевме заедно, позиција со опозиција и обратно. Сето тоа е потребно за напредокот, не за Брисел туку за вашата сопствена земја - рече Јушка. |
Колку што се сеќавам на времето власта не пропушташе да ги спомене балтичките земји како пример кој треба да ги следиме. И додека ние расправаме за лустрацијата и за тоа што рекла Мирка, а што Ивица Боцевски, Јушка ни кажува кои ни се реалните проблеми: „владеењето на правото, борбата против корупцијата, изборните реформи, слободата на говор.“ Не гледам да го спомнува името.
Јушка би бил загиржен, али он сигурно не тепа седум пути по ред.