Цитат:
|
Дали следен за лустрација е Драган Богдановски, „основачот“ на ВМРО-ДПМНЕ? Последната колумна на писателот Божин Павловски во која тој открива дека Драган Богдановски, кого денешната владејачка гарнитура го смета за основач на ВМРО-ДПМНЕ, бил кодош, внесе возбуда, но и забуна во јавноста. Богдановски досега се сметаше за жртва на режимот, а сега Павловски тврди дека токму тој бил кодош воден од Службата со кодно име „Рашомон“. Павловски открива дека во неговото досие нашол документи кои се однесуваат на соработникот заведен под псевдоним „Рашомон“, а за кого тој тврди дека е, „Драган Богдановски, идниот основач на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ“. Предметот е заведен под број 72 од 14 јануари 1989 година. „Обработената особа „Рашомон“, односно Драган Богдановски, телефонски разговарал со академик Александар Матковски, при што овој му предложил истиот ден да ме посетеле мене во „Мисла“, затоа што од мојот престој во Австралија сум донел некакви материјали за него и усмено да му пренесам некои информации (се работеше за две писма со по сто долари и едно со педесет долари, што му ги пратија неговите пријатели). Замислете, „Рашомон“, тоест Драган Богдановски, веднаш телефонски ја информира Управата за државна безбедност дека состанокот ќе се одржи во 11 часот (така пишува во документот против мене, верувале или не, со дополнување дека тој Драган Богдановски потоа ќе се сретнел со „Скитник“ и со „Унион“). Агентот на УБК во службената белешка кажува дека потоа, во 16 часот, ќе се сретне со „Рашомон“, односно Драган Богдановски, идниот основач на сегашната владеачка партија. На база на сето тоа, Седмото одделение на УБК презело мерки и за фотографирање на настанот„, пишува во денешната колумна Павловски. Тој исцрпно ги пренесува деталите од документот за кој има и фотографска поткрепа. Павловски пишува дека при неговото испраќање за Австралија во 1988 година, Крсте Црвенковски се пожалил дека иако лично тој, заедно со службите за државна безбедност, основале политичко движење, тоа по неколку години им избегало од контрола. На крајот од својата колумна Павловски се прашува: „Каква мака го натерала Аџиев да го стави овој во моето досие, со кое се разголува Драган Богдановски пред јавноста“. |
СТРАШНО!!!
После ова што го прочитав, дефинитивно можам да тврдам дека лустрацијава е тотално ДПМНЕОВСКО-АНТИМАКЕДОНСКА!
Цитат:
|
„Рашомон“, или Драган Богдановски, е кодошот! Божин Павловски Најновата анегдота што се прераскажува можеби и не се случила. Божем господинот Томе Аџиев, лустратор на интелектуалците во Македонија, точно на пладне, се шетал по улицата Македонија. Го здогледале двајца новинари и, сакајќи да извлечат од него пикантерии за уметниците, љубезно го поканиле со нив да испие кафе. Откако седнал, бездруго за да си придаде значење, рекол: „Кај Мијалков го испив првото, кај Груевски второто, кај Зоран Тодоровски третото. Доста ми е за денес. Не би можел да поднесам и четврто кафе“. Упорните новинари го охрабриле: „Гете испивал по седумдесет кафиња на ден и не му фалело ништо“. Тогаш Аџиев омекнал: „Ајде да се напијам уште едно. А жив ли е тој Гете?“, прашал. Новинарите му објасниле дека Гете е умрен на 22 март 1832 година. Збунетиот Аџиев извикал: „Нема проблем, лустрираме ние и такви“. Денес Комисијата за лустрација е заплеткана во единствената македонска духовна свила, но, за жал, нема гласник што ќе ја извести. Интелектуалците си молчат и молат Господ да не бидат зафатени од бранот на „прочистување“ што го изведуваат петмина платеници на владеачката партија. Само нечија смрт на човек прогонуван од власта, или недај Боже нечие давење во кофа со вода, би можеле да ја отрезнат јавноста за ова што го прават мала група аздисани моќници. Според бројноста на досијеата што излегоа во јавноста, Државната безбедност им се намерачила на уште стотина интелектуалци, покрај оние што веќе ги закачи на својата ѕидна табла. Уште еднаш апелирам до Неговата екселенција премиерот, и до неговиот братучед одговорен за Државната безбедност, да изнајдат начин да им се извинат на интелектуалците што ги посрамотија, без чии дела и дејност е незамисливо постоењето на македонските духовни вредности. Наместо да фабрикуваат лаги, користејќи добро платени спроводници, да се зафатат со решавање на горливите проблеми во Македонија. Поумно е навреме да си ја признаеш грешката, одошто да хибернираш заплеткан во свила што веќе си ја изгнасил. Иако бев известен за дел од содржината на досието за починатиот академик Славко Јаневски и ми се предлагаше да го осудам, досега немав задоволство да го прочитам, затоа што Комисијата за лустрација го нема на својот сајт. Но, со особено внимание го разгледав досието на академикот Томе Серафимовски. Ако имаат срам тие луѓе што го извалкаа нашиот предводник во вајарството, ќе побрзаат да му се извинат. Чесните новинари добро го увидоа тоа и реагираа, за нечесните не трошам зборови. Но, да се потсетиме. На 6 декември 2012 година Комисијата за лустрација излезе со соопштение пред јавноста дека сите академици, меѓу кои беше и моето име, никогаш не соработувале со тајните служби, туку биле следени од нив. Меѓутоа, во почетокот на јули, беше фабрикувана информацијата дека е лустриран академикот Славко Јаневски, покоен веќе 13 години. На таа срамна, безочна постапка, остро реагиравме двајцата со Томе Серафимовски, и веќе по три дена бевме лустрирани. Ги молам драгите читатели внимателно да го прочитаат моето досие на сајтот на Комисијата за верификација на фактите, со што ќе помогнат да си излезе правдата на виделина. За почеток, ви го предавам „бисерот над бисерите“ од тоа досие. Да види и процени јавноста дали соработник на тајните служби сум јас, или Драган Богдановски, идниот основач на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Предметот е заведен под број 72 од 14 јануари 1989 година. Одиме по ред. Обработената особа „Рашомон“, односно Драган Богдановски, телефонски разговарал со академик Александар Матковски, при што овој му предложил истиот ден да ме посетеле мене во „Мисла“, затоа што од мојот престој во Австралија сум донел некакви материјали за него и усмено да му пренесам некои информации (се работеше за две писма со по сто долари и едно со педесет долари, што му ги пратија неговите пријатели). Замислете, „Рашомон“, тоест Драган Богдановски, веднаш телефонски ја информира Управата за државна безбедност дека состанокот ќе се одржи во 11 часот (така пишува во документот против мене, верувале или не, со дополнување дека тој Драган Богдановски потоа ќе се сретнел со „Скитник“ и со „Унион“). Агентот на УБК во службената белешка кажува дека потоа, во 16 часот, ќе се сретне со „Рашомон“, односно Драган Богдановски, идниот основач на сегашната владеачка партија. На база на сето тоа, Седмото одделение на УБК презело мерки и за фотографирање на настанот. А во 16 часот, „Рашомон“, тоест Драган Богдановски, го презентирал следното: „Павловски срдечно ги пречекал во неговата службена просторија, ги запознал дека во Австралија престојувал повеќе од три месеци, со основна цел да отворел издавачка куќа, во која ќе се печателе и преведувале книги од и на македонски јазик, во што и успеал да го реализира ова. Како што изнел, ова било само почеток, бидејќи имал намера издавачки куќи да отвори и во Сиднеј и во другите градови на Австралија...Сите тие пројавиле интерес за ’Рашомон’, дали навистина е на слобода и слично и го замолиле Павловски на враќање во Скопје лично да му ги пренесе нивните поздрави (двајца пријатели, Стамкоски и Шкодро му напишаа своерачни писма во кои ставија по сто долари за да се почести, додека Ристески го направи истото со педесет долари - забелешка моја)“. А Драган Богдановски на агентите од УБК, според овој документ, им нагласил дека сум полемизирал со домаќинот Стамкоски, кој упорно тврдел дека македонскиот народ е од античко потекло. Павловски попусто му укажувал дека таа теза оди само во прилог на грчките интереси и пропаганда, стои во изјавата на Богдановски за полицијата. „Во Мелбурн, Сиднеј, Канбера, Перт и во други градови Павловски имал голем број пријатели со кои остварил средби“. Рашомон ги прераскажал и моите зборови дека македонското иселеништо во Австралија е разединето и поделено, дека нема силна личност која би го обединила и водела како и тоа дека истото никогаш немало да биде на југословенска линија. Меѓу пикантериите што „Рашомон“, тоест идниот основач на ВМРО-ДПМНЕ, ги изнел во полицијата стои и таа дека со македонската делегација сум бил кај австралискиот прајминистер Боб Хоук и во разговорот, меѓу другото, сум нагласил дека грчкиот претседател Сарзетакис го злоупотребил гостоприемството на Австралија кога ја отворал изложбата „Македонија, 4000 години грчка цивилизација“. Сум му дал на знаење на Боб Хоук дека Македонците не живеат само во Југославија, туку и во Грција и Бугарија, а пак австралискиот прајминистер ми одговорил: „Тоа е вистината“. На крајот од разговорот, „Рашомон“ изјавил дека сум изразил задоволство што сум го запознал него. „Сметам дека презентираниве сознанија од искажувањата на Божин Павловски заслужуваат внимание и интерес на Службата за државна безбедност. Исто така, сметам дека би требало да се обави разговор со Павловски за неговиот престој во Австралија“, изјавил Драган Богдановски, според документот што го сместил Аџиев во моето досие, кое го носи заглавието „Рашомон“, а за мене вели дека сум и познат на Службата, меѓутоа никако во својство на соработник. Што треба да се дополни од моја страна. Во 1988 година, значи неполна година пред да налетам на идниот основач на ВМРО-ДПМНЕ, кого веројатно Службата за државна безбедност солидно го обработила, во мојот работен кабинет дојде за да ме испрати во Австралија, поголема група интелектуалци и политичари: Лазар Мојсов, Александар Грличков, Крсте Црвенковски, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Никола Кљусев и неговиот пријател Јордан Мијалков, на постојана или времена работа во тогашната Чехословачка. Буквално сите бевме исплашени од острите потези на Слободан Милошевиќ, кој тоа лето на Газиместан собра близу еден милион Срби. И се дискутираше за опциите што остануваат пред Македонија по најавеното отцепување на Словенија и Хрватска од Федерацијата. Кога некој спомна дека тие имаат силна политичка емиграција што ќе им помогне, Гане Тодоровски рече дека и ние ги имаме ДОМ и „Македонска нација“. Тогаш Крсте Црвенковски рече дека лично тој, заедно со службите за државна безбедност, го основале тоа политичко движење, кое по неколку години им избегало од контрола. Кога Александар Матковски го доведе Драган Богдановски во мојот кабинет, се присетив на таа изјава од Крсте Црвенковски. И му реков на Богдановски: „Парите што ти ги праќаат твоите пријатели ќе си ги земеш, додека писмата, откако ќе ги прочиташ, ќе ги изгориш во пепелников, пред мене“. „Рашомон“, односно Драган Богдановски, ги отвори пликовите, си ги стави парите во џебот, ги свитка писмата како цигара и ги запали без да ги прочита. Не сакаше ни да знае дека тие печалбари му пожелуваат крепко здравје или дека ги споделуваат неговите идеали. Медиумите, особено порталите, можат да го извлечат овој документ од моето досие. Можеби работата не е забегана дотаму власта да биде толку нечесна, да осрамотува свои граѓани. А можеби овој документ само по грешка е ставен во моето досие. Во наредните денови ќе ги разгледаме и другите приложени документи, молам да се држиме до фактите. Не постои ниту еден документ за мојата соработка со тајните служби. Каква мака го натерала Аџиев да го стави овој во моето досие, со кое се разголува Драган Богдановски пред јавноста, не знам. Подолу видете го копието на оригиналниот доказ, лесно се чита. |
