Поминаа повеќе од две години откако се одложи пописот во Македонија кој требаше да се одржи од 01.до 15.04.2011.
Истиот беше презакажан да се спроведе во октомври истата година но од непознати причини веќе никој не го ни спомнува.
Зашто се одложи пописот и дали и тука има некој договор помеѓу коалиционите партнери.Дали се спремни да закажат и одржат регуларен попис во кој никој нема да фрли сомнеж?
И уште нешто-никој не одговараше за 14 милиони евра потрошени за пропаднатиот попис.:cool:
16.12.2011
ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ВО АПРИЛ ДА СЕ ОДРЖИ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО
Пратениците на опозициските СДСМ, НСДП, ЛП и ПЕИ бараат попис од 1 до 15 април и поднесоа Предлог на закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2012 година, во прво читање.
Образложувајќи го предлогот, Ана Павловска-Данева од СДСМ рече дека ако Владата прифати попис напролет ќе ги негира претпоставките и шпекулациите дека имало фалсификат или обид за фалсификат во октомври кога пописот беше сопрен и поништен.
Во спротивно, рече таа, ќе признае дека причините не биле технички и поради проблеми во толкувањето на методологијата, туку поради несогласувања во коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ако не се прифати попис во април 2012, додаде Данева, владејачкото мнозинството и Владата ќе покажат дека институциите немаат капацитет да ја спроведат оваа статистичка операција.
- Граѓаните на РМ не добија одговор за причините за поништување на пописот и кој бил фалсификаторот или направил обид за фалсификат, рече Павловска-Данева и праша дали Владата има намера во својот мандат да спроведе попис.
http://www.telma.com.mk/index.php?ta...=15&item=13099