Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Т’зи криминалец не е криминалец

$
0
0



Април 2012 година... Вест во медиумите:
Прегазен пешак во Куманово, возачот побегнал

Следниот ден, нова вест:
Откриен возачот кој што побегнал од местото на настанот, не укажувајќи му помош на повредениот пешак - Тоа е градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ во Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ

Неколку дена подоцна:
По неколку дена во критична состојба денеска почина пешакот, 31-годишниот Срѓан Лазаревиќ

Уште неколку дена подоцна:
Според Кривичниот законик Јовановиќ ќе одговара за неукажување помош и предизвикување телесна повреда или смрт



Една година подоцна - Вест од јули 2013 година:
Миодраг Јовановиќ назначен за Директор на поштата во Куманово


Денешна реакција од СДСМ:
Цитат:

СДСМ: Човекот кој прегази човек, од градоначалник прекомандуван во директор на пошта!?

Со таква дилема излезе денеска опозициската СДСМ, која реагираше на поставувањето на Миодраг Јовановиќ во функција директор на поштата во Куманово, притоа потсетувајќи дека поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане е единствениот осомничен дека во април минатата година со службен автомобил го прегазил 30-годишниот Срѓан Лазаревиќ и побегнал од местото на настанот, не укажувајќи му помош.

Од партијата велат дека ова е скандалозно именување на директор на поштата и дека власта нееднакво ги третира граѓаните.

Опозицијата и претходно ги повивкуваше надлежните институции да преземат мерки против тогаш градоначалникот на Старо Ногоричане, Миодраг Јовановиќ кој се сомничеше дека стоел зад воланот кога Лазаревиќ беше прегазен. Во одговорот владејачката партија информираше дека Министерството за внатрешни работи започнало постапка за сообраќајната несреќа.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles