Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

АКАДЕМСКИ СКАНДАЛ - Нинослав Марина станал ректор без нострифицирана диплома

$
0
0
Цитат:

Тешко е да се пронајдат законските правилности во морето беззаконие на охридскиот универзитет за информатика „Св. Апостол Павле“, што го констатирал просветниот инспекторат, при вонредната инспекциска контрола на оваа високообразовна институција.

Наместо законскиот минимум од пет факултети за да постои универзитет, на „Св. Апостол Павле“ во академската 2012/2013 година, функционираат само четири факултети!

Незаконски се избрани дел од деканите, не се почитувал законскиот временски рок од 5 години при изборот за доцент, вонреден и редовен професор на ректорот Нинослав Марина, а за предвремен избор немало иницијатива од најмалку два института.

Инспекторатот констатирал дека освен Марина, и голем дел од академскиот кадар кој предава на Универзитетот, а се претежно професори од странство, немале нострифицирани дипломи, што е состојба без преседан.

На десетти април годинава, инспекторите Ѓорѓи Илиевски и Африм Саљиу извршиле вонреден инспекциски надзор во присуство на проректорот за настава на универзитетот, Д-р Тони Стојановски и правничката на Универзитетот Михаела Костадиновска.

По разгледувањето на документацијата и обавениот службен разговор со одговорните лица на Универзитетот, просветните инспектори утврдиле дека Факултетот за информациони теории и анализи не функционира, а студиите се ставени во мирување.

Според инспекторите, назначувањето на деканите на овој државен Универзитет во Охрид, е направено спротивно од член 65 од Законот за високо образование, како и спротивно на член 133 и 134 од Статутот на Универзитетот.

„Изборот на д-р Нинослав Марина во вонреден и редовен професор на МИТ Универзитетот и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е спротивен на член 134 од Законот за високо образование во делот на рокови, за кои се врши избор на доцент, вонреден и редовен професор за време од 5 години. Изборите се извршени без нострифицирана диплома“ – констатираат инспекторите.

Со самото тоа што Марина спротивно на закон е избран за вонреден па за редовен професор на МИТ и на „Гоце Делчев“, не е јасно како воопшто станал ректор на охридскиот универзитет за информатика, ако се знае дека исклучиво законски избран редовен професор може да биде ректор.

Понатаму, седницата на Сенатот, на која се бирал Нинослав Марина за ректор била електронска. Дел од тие што гласале, гласале по мејл, со што е нарушена тајноста на гласањето, покрај тоа што е згазена непосредноста на гласањето.

Просветниот инспекторат констатирал и дека изборот на д-р Братислав Станковиќ во вонреден професор на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е спротивен на член 134 од Законот за високо образование во делот на рокови.

„Универзитетскиот сенат го избрал Иле Димитриевски во соработничко звање, без решение за нострификација на диплома стекната во странство, а кое што е спротивно на закон“ – навеле инспекторите.

Во соработничко звање е избран и Стојан Китанов без решение за нострификација на диплома стекната во странство, што исто така е противзаконско – навеле инспекторите во записникот од 6 страници.

Интересно е што инспекторите издале и Решение да се отстранат сите пронајдени незаконитости и тоа во рок од 8 дена од приемот на решението. Овој рок е длабоко загазен, а портпаролката на Универзитетот Александра Дудиќ уште во официјалната кореспонденција до медиумите, го претставува Марина како ректор.

На прашањето кога и на каков начин Универзитетот ќе ги спроведе наредбите од ДПИ за незаконскиот избор на Нинослав Марина за ректор на Универзитетот, од Универзитетот не одговараат.

Најдебелиот крај, се разбира, го влечат студентите кои не се само од Македонија, туку и од странство.

Пред неколку месеци Сенатот на универзитетот го разреши Марина од неговата ректорска функција, но ваквата одлука инспекторатот со експресен вечерен инспекциски надзор ја поништи, зашто и сенатот бил свикан незаконски, иако одлуките ако се гледа најновото решение од Просветниот инспекторат биле издржани.

Откази добија Илан Садех и Дамијан Џенкинсон.

Токму Садех беше еден од челниците на движењето што подолго време се обидуваше да го смени Марина.

- Јас на седницата на Сенатот гласав ректорот да замине, од чисто професионални и академски причини, а не поради политика. Некој да гласа на Сенат, е исто како да гласа во парламентот, не може да го казнувате поради тоа – објасни Садех за „Плусинфо“, пред да добие наредба од МВР итно да ја напушти државата, зашто универзитетската управа на „Св. Апостол Павле“ го држела во Македонија непријавен, иако им предавал на студентите.

И покрај тоа што Садех поседува валидна дозвола за работа од Агенцијата за вработување во Македонија, сепак, административните процедури не биле докрај завршени, бидејќи не поседувал образец за регистрација на странци што вршат работа во Македонија. Обврската да се пополни таквиот образец е на самата високообразовна институција што го ангажира професорот.

- Не сум направил ниту криминал, ниту злостор. Ми се јавија и ме известија дека има одлука од МВР според која, мора да ја напуштам Македонија, веднаш. Се чувствувам непријатно и понижено - рече Садех за Плусинфо.

Тој пред 20 години измислил математички алгоритам што може да се аплицира за рано предвидување на карцином, а подоцна аплицирал и за патент на ова откритие.

-Бев изненаден од некои факти што ги дознав кога пристигнав на Универзитетот, но сепак, решив да ја играм „македонската игра“, додека бев способен да ја „сварам“. Да се праќаат колеги и студенти како информатори кои ќе го штитат врвот од „опасните професори“ меѓу кои бев и јас поради мојата професионалност, не е ниту професионално ниту академски. Откако бев класифициран како опасен, ме ставија да бидам „декан“ на факултет што не постои и така ми го блокираа патот до Сенатот. Си дадов оставка од „деканската“ позиција и побарав да станам член на Сенатот – објаснува Садех.

Тој тврди дека ги побарал сите документи за факултетот каде бил назначен за декан, но не му ги давале.

-Барем, не ми ги дадоа на англиски. Можеби има документи на македонски, ама јас не можам да преземам одговорност како декан на факултет ако немам поима што пишува во нив. Сакав да станам член на Сенатот, зашто според Статутот морав да бидам – вели Садех.

Тој беше депортиран од Македонија, а може да се врати за три месеци.
Мирослава Симоновска, плусинфо






Уште еден сјаен резултат на политиката за развој на високото образование.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles