Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Уапсен сопственикот на леарницата „Јеремиќ“, која учествуваше во проектот Скопје 2014

$
0
0
Сопственикот на леарницата „Јеремиќ“, која учествуваше во проектот Скопје 2014, Миодраг Јеремиќ, заедно со седум други лица е уапсен во акција на криминалистичката полиција во Белград поради злоупотреби, со кои компанијата „Галеника“ е оштетена за околу 12 милиони евра во текот на 2009 и 2010 година.


Сите уапсени се приведени со кривични пријави во Обвинителството за организиран криминал. Според обвинителот за организиран криминал Миљко Радисављевиќ, истрагата на Обвинителството поврзана за „Галеника“ се уште не е завршена, бидејќи се проценува дека вкупната загуба на компанијата изнесува повеќе од 100 милиони евра.

- Работата се уште не е завршена. Забележана е загуба на „Галеника“ од над 100 милиони евра. Зборуваме за штета од 12 милиони евра, а треба да се објасни што се случило со останатите 88 милиони и каде исчезнале тие пари, нагласи обвинителот.

Меѓу уапсените се наоѓа и поранешниот генерален директор на „Галеника“ Ненад Огњеновиќ, близок до Социјалистичката партија на Србија (СПС).

Директорот на полицијата Милорад Вељовиќ претходно изјави дека со повеќе пати зголемените цени при набавка на суровини за лекови, „Галеника“ е оштетена за околу седум милиони евра, за два милиона евра при набавка на скулптури од леарницата „Јеремиќ“, од кои најскапата чинела 650.000 евра и нема никаква уметничка вредност, а за повеќе од два милиона евра компанијата претрпела загуби со продажба на готови лекови без одлука на управувачките органи.

Неколку од купените скулптури се поставени во кругот на претпријатието, еден дел е подарен како донации, а најскапата досега не е подигната од леарницата „Јеремиќ“.

На прашањето во која насока ќе се движи истрагата и дали можеби ќе стигне и до некои политичари, Радисављевиќ одговориле дека Обвинителството нема однапред дефинирани мети, ниту потенцијални осомничени лица, и дека се обидува врз основа на егзактните податоци до кои доаѓа во постапката да дефинира кој ќе се најде меѓу осомничените.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и лидер на партијата СПС, со која се поврзува уапсениот директор, по апсењето оцени дека институциите си ја вршат својата работа, порачувајќи дека кој и да правел незаконски работи нема да биде поштеден врз основа на партиската припадност.

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, исто така, изјави дека државата покажала дека има нулта толеранција кон криминалот и корупцијата.

Инаку, на сајтот на српската леарница можат да се пронајдат фотогалерии со фотографии од изработените скулптури и споменици за проектот Скопје 2014.


http://libertas.mk/уапсен-сопственикот-на-леарницата-ј/

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles