Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Каде згреши опозицијата после отпорот ?

$
0
0
Овде ќе морам да го цитирам Боки кој му порача на Бранко од говорница, Друже Бранко ако трепнеш само за миг....наебавме.
Голема вистина, а Бранко не трепна еднаш туку два пати по мое.

1. Никако не смееше да потклекне и покрај заминувањето на Стевче и притисокот од другите неколкумина (Заев, Циц, Петрески) и да прифати избори. Кој си отишол довиџења, сакам да кажам не е кандидат на опозицијата. Опозицијата не учествува на избори. Изборите се спорни и точка. Извини Фуле ама тоа е тоа, со сите ризици.
Еве пак нема да имаат ниеден градоначалник и тоа регулар, со избори за кои ем шират муабети дека се фалсификувани ем не ги оспоруваат по закон и ред.

2. Втор и многу поголема утка е односот кон Јакимовски. Наместо да се воздржеа првите неколку дена од коментари и да не излетуваат со бркање од СДСМ итн. тие удрија на нож. Не може бе да спремаш едно 20 илјадно членство 4 години да гласа за Стево и сега наеднаш за една ноќ да го убедиш дека тој човек нечини и дека се што сработел е криминално......?????? а да не се откажеше Стево и да се кандидираше како и сите други....какави ќе беа неговите дела ???
Требаше Бранко да излезе и да каже :
- Ок, Стевче Јакимовски мислејќи се најдобро за општината и граѓаните на Карпош можеби направи избрзана грешка но не е време за суети, ние нема да назначуваме наш кандидат туку ќе го подржиме Јакимовски затоа што тој заедно со наша огромна подршка успешно ја водеше општината во последните 4 години и покрај сите опструкции од централана и градска власт....итн итн.......што знам уште што не би можел некој стручен да состави и напише.
Тие одат со глава низ зид и после резултатот од прв круг, го напаѓаат повеќе отколку Саша Димиќ пред 4 години.
Па нели гледате дека во општина Карпош живее паметен народ кој не гласа само за партија, овде глумици не поминуваат.
20.000 илјади Карпошовци ќе кажат не во Недела на суетите и дпмновските манири.
Размислете малку драги мои СДСМОВЦИ-мислам на управата.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887