Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Закон за МЕДИУМИ

$
0
0
АКЦИЈА...
Цитат:

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска извести дека следната недела ќе продолжи јавната дебата помеѓу Владата и медиумите за Законот за медиумите, а потсети дека тие преговори ќе продолжат под патронат на Министерството за информатичко општество и администрација.
- Во однос на законот за медиуми, треба да има јавна дебата пред законот да влезе во процедура. За нас е важно таа јавна дебата и расправа по однос на овој закон да продолжи. Важно е да се гради доверба помеѓу владата и ЗНМ, но и помеѓу сите страни кои се инволвирани во овој процес, за да се најде заедничко решение и тој дијалог да даде позитивни резултати - тврди Бесими.
РЕАКЦИЈА...
Цитат:

Здружението на новинари нема да седне на маса со владата за новиот Закон за медиуми што е готов и се очекува да биде обелоденет наредната недела. Ставот на Здружението е дека единствено доколку се казнат и идентификуваат лицата кои на 24 декември ги исфрлија припадниците на седмата сила од Собранието, пред да биде изгласан буџетот за 2013 година и пред да бидат исфрлени опозициските пратеници од салата, тогаш ќе се продолжи со разговорите за медиумите.
Ставот на Здружението, како што објаснува Драган Секуловски, е дека мора да се расчистат настаните од 24 декември, пред било како да се соработува со владата и министерствата за напредокот на медиумите.
Што мислите, што ќе биде сега РЕРЕАКЦИЈА???
1. Ќе го донесе ли Владата законот без консултации со новинарите...
2. Ќе го повлече законот...
3. Нема ништо да направи, туку ќе плука по новинарите дека се Бранкови платеници!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles