
Работите се веќе кристално јасни...
СДСМ денес преку својот потпретседател Зоран Заев и официјално изјави дека СДСМ ќе ги бојкотира локалните избори на 24 март...
Од минут во минут има информации за нови бојкоти...
Покрај ЛДП, ВМРО-НП, Достоинство и ОМ, локалните избори ќе ги бојкотираат уште и НСДП, ДНЕ на Турците во Македонија, СНСМ, ПЦЕР, Нова Алтернатива, СТЛС, ПДТМ, ДС на Власите во Македонија, ПСД, ПП на РМ и Санџачка лига!
Зоран Заев:
Цитат:
Денеска со последниот ден за поднесување на кандидатски листи почнува одбројувањето на последните 35 дена за отрезнување. Од денеска па сè до 24 март започнуваат да течат најсрамните денови во поновата македонска историја. Колку побрзо заедно ќе го спречиме одминувањето на овие денови, толку помал ќе биде срамот за државата. Колку побрзо заедно реагираме, толку поизвесна ќе биде добрата, европска иднина на Македонија. Испраќам силен апел за седнување на маса, за разговор, за дијалог. Никогаш не е доцна за тоа. Одговорноста за иднината е огромна и не може ниту ние од опозицијата, а уште помалку вие од власта да избегате од неа. |