Уредничката која ја напиша биографијата на Црвенковски му порача да си замине
![]()
http://www.plusinfo.mk/vest/80746/Ur...a-da-si-zamine
Ме изненадува што ова мислење го објавуваат на Плус инфо како нешто значајно за изнесување, особено во овој најделикатен можен момент, и можеби најпресуден за СДСМ во цела партиска историја. Затоа решив и да ја поставам темава, во која покрај за прашањето зошто ова станува тема за опозициските портали, ме интересира дискусијата и околу тоа колку она што Крамарска го говори е точно, односно коректно во денешните политички околности.

Цитат:
Соња Крамарска, главната уредничка на „Утрински весник“, која е автор на биографијата за Бранко Црвенковски, сега порачува дека тој треба да си поднесе оставка, со што би ја спасил Македонија. „Тој како лидер на СДСМ не успеа своето огромно политичко искуство да го канализира во добитна партиска политика која ќе ја извлече партијата од очигледната криза во која што се наоѓа. И не само тоа туку и по неколку претрпени порази на избори, од социјалдемократскиот врв продолжува политиката на обвинување на купувачот а не на продуктот што го продаваат, односно го анализираат однесувањето на избирачите наместо политиката што им ја нудат. Личната нетрпеливост меѓу Црвенковски и Груевски го прави натамошниот политички дијалог невозможен во било кои услови, а отстапувањето на еден од нив двајца од функцијата ќе доведе до моментална релаксација на политичките односи. Црвенковски како опозициски лидер кој претходно беше неколкукратен премиер и претседател на државата, а чие враќање во СДСМ не доведе до позитивен политички резултат за неговата партија е личноста што треба да ја напушти функцијата. Тој, за жал, ја сведе политичката битка против Груевски на свој личен проект, до таа мера што некогашните оцени дека е тој единствениот што може да го победи Груевски веќе може да се преправат во денешна оцена дека е тој единствениот од СДСМ што не може да го победи Груевски. Што може да се добие со оставката на Црвенковски? ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без едно од своите најмоќни оружја против опозицијата, а политичката криза може да остане без еден од своите актери, што многу ќе ја нормализира ситуацијата“, пишува Крамарска. Таа во својот текст пишува дека со оставката на Црвенковски земјата ќе добие свеж опозициски потенцијал со амбиции за премиер кои можат да бидат позитивна движечка сила за СДСМ во натамошната политичка битка и исполнувањето на нивната цел: смена на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од власта во државата. |
Ме изненадува што ова мислење го објавуваат на Плус инфо како нешто значајно за изнесување, особено во овој најделикатен можен момент, и можеби најпресуден за СДСМ во цела партиска историја. Затоа решив и да ја поставам темава, во која покрај за прашањето зошто ова станува тема за опозициските портали, ме интересира дискусијата и околу тоа колку она што Крамарска го говори е точно, односно коректно во денешните политички околности.