Откако дневниот весник ВЕСТ објави анкета на својата веб страна со прашање ,,Која од новинарките теба да го интервјуира Никола Груевски со раширени нозе“, каде со фотографии беа посочени 12 македонски познати новинарки и водителки, дневниот весник Вечер врати со нова анкета „Има ли хомосексуалци меѓу новинарите?“, каде како пример се посочени тројца македонски новинари и водители. До каде ќе оди и до кога ќе трае битката на овие два дневни печатени медиуми, никој не може ниту да претпостави.
Анкетата започнала со 10 кандидатки, меѓутоа фотографијата и името на Ивона Талевска биле исфрлени како опција поради жестоките реакции од водителката од Сител!
Цитат:
Анкета на ВЕСТ - Која без гаќи да го интервјуира Груевски? Српскиот премиер Ивица Дачиќ наседна на местенката во српската емисија "Невозможна мисија", во која го интервјуираше водителка без гаќи. Дали некоја од македонските водителки би била храбра истото тоа да го направи со македонскиот премиер Никола Груевски? "Вест" прави анкета во која предлага девет познати македонски водителки, за читателите да изберат која од нив без гаќи да го интервјуира Груевски. Предлозите се следните, а можете да гласате на насловната страница на порталот на "Вест". ![]() |
Цитат:
ВЕЧЕР: Има ли хомосексуалци меѓу новинарите?! По неколку обиди повторно се најавува геј (сексуална) парада во Скопје. Скопје е либерален град и се очекува дека настанот ќе помине мирно и незабележливо. Во кампањата за овој настан се истакнуваат неколку македонски новинари, кои за многумина тврдат дека се хомофоби само затоа што не се хомосексуалци или нивни приврзаници. Во тие настапи таквите новинари забележително имаат отпор кон жените, а особено кон жените-новинарки. Ги покануваме читателите да ни посочат имиња на новинари кај кои забележале вакви појави и евентуално да ни пренесат нивни искуства. Ние, за почеток, ги посочуваме главниот уредник на Вест, Горан Михајловски, поранешниот уредник на А1, а сега на порталот Либертас, Ацо Кабранов, како и неговиот колега, уредникот на Крема, Зоран Василевски. Листата е отворена, повелете придружете се. ![]() ![]() ![]() |