Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Здружената опозиција ја презеде власта во Демир Хисар!

$
0
0
"Социјлдемократите и нивните коалициски партнери, денеска ја презедоа власта во Советот на општина Демир Хисар. Досегашната опозиција сега го има мнозинството со 4 советници од СДСМ, 1 од НСДП, а им се приклучи и советникот од ВМРО-НП. ВМРО-ДПМНЕ остана со 5 членови во Советот на општина Демир Хисар. На денешната редовна седница , претседателот на Советот, не прифатил измени на дневниот ред за негово разрешување, по што советничтата група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, а мнозинсвото избра нов претседател.
- Иако според деловникот,ние советниците, имаме право да предлагаме и да поставуваме прашања во текот на расправата, сепак претседателот на советот, рече дека сум го прекршила деловникот со барање за измена на дневниот ред и мојот предлог не беше ставен на гласање и не се расправаше по него. Тој ја прекина седница, а ние имавме мнозинство и Советот продолжи со работа. Го разрешивме досегашниот претседател и избравме нов, изјави Елеонора Јолевска, член на Свветот на општина Демир Хисар од СДСМ.

Новото мнозинство ваквиот пресврт го направи затоа што не е донесен буџетот на општина Демир Хисар за 2013 година, а не бил предложен на дневен ред ниту на денешната седница.
-Поради новонастанатата состојба, бараме од градоначалникот на општина Демир Хисар, веднаш да достави предлог-буџет до Советот на општината и со негово донесување да се овозможи непречено функционирање на општината и институциите кои се финансираат од буџетот, рече Никола Поповски, претседателна ОО-СДСМ Демир Хисар

Досегашниот претседател на Советот во Демир Хисар од редовите на ВМРО ДПМНЕ, признава дека „Сојузот за иднината“ го има мнозинството во Советот, но смета дека денешната промена е незаконски направена.
-За да се одржи седница, ние претходно утврдуваме дневен ред. Според деловникот, материјалот за дневниот ред треба да биде доставен најмлку седум дена пред почетокот на седницата. Овој предлог, деловнички не држеше место да го разгледуваме на самата седница. Од тие причини, јас како претседател на Советот бев принуден да ја прекинам седницата. Ако оваа советничка група сака да направи вакава измена, треба да побара од мене да закажам седница, а доколку не ја закажам, тогаш во рок од 15 дена, тие како мнозинсво ќе закажат седница и ќе ме разрешат, изјави Љупчо Ангелевски, претседател на Советот.

Социјалдемократите и нивните коалициски партнери од Демир Хисар, бараат градоначалникот Тони Ангелевски, одлуката веднаш да ја објави во службениот гласник на општината. Ангелевски, пак, вели дека ќе постапува откако ќе ги разгледа неговите законски надлежности."

Извор http://www.telma.com.mk/index.php?ta...=15&item=23754


Ова се, веројатно, први знаци кои укажуваат на тоа дека Р.Македонија има многу силна опозиција, а Никола Груевски, од друга страна, има сериозен конкурент, кој на наредни избори, кога и да се одржат ќе добие повеќе градоначалнички мандати или пратеници во Собранието на Р.Македонија!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles