Зошто ДПМНЕовците се тажни?
Направија избори, „ги тепаа комуњарите по 9-ти пут“, ама вечерта кога се објавија резултатите, ја немаше онаа победничка еуфорија... Чудна работа...
Изгледа оти беа свесни дека работите не се за радување...
Имаат 61 пратеник, а со лажниот опозиционер од Гром веќе се 62... Ете ти мнозинство во парламент...
Сепак...
Денес е тажно да си ДПМНЕ-овец...
1. Немаат опозиција, колку и да се обидуваат со спинови да создадат впечаток дека не се загрижени... Јасно им е дека парламент на ДПМНЕ, во коалиција со две албански партии, не е тоа што го сака Македонија... Бараа спас во некаков раздор во СДСМ, се надеваа дека многу пратеници ќе му го свртат грбот на Заев, ама ЦВРЦ!
2. Односите со меѓународната заедница се во чвор... За прв пат откако се спроведуваат избори во самостојна Македонија, се случува никој од меѓународната заедница да не им честита победа на победниците... Тоа не може да не предизвика грутка во грлото на 'братучедите'... ДПМНЕ и Иванов остварија пирова и „горка“ победа...
И најновите информации од Брисел и Вашингтон велат дека големиот фалсификат што се случи на изборите предизвикал голем револт кај нив!
3. ДУИ во ниту еден момент не беа во кавга со ДПМНЕ, меѓутоа, Аљи не би бил Аљи ако не бара Грујо да му се поднамести...
Аљи вели: Мене не ми е гајле што се случува во македонскиот блок... Јас сега освоив повеќе пратеници од пред три години, па ќе барам поголем дел од колачот...
Аљи е свесен за проблемите што ги има ДПМНЕ, па тоа дополнително ги мотивира да бараат многу...
Од друга страна, ДПМНЕ акцентот на целата кампања го стави на тоа да не бидат уценувани од ДУИ... Ама работата им е ВРВКА... Последните вести велат дека преговорите меѓу ДПМНЕ и ДУИ се во ЌОРСОКАК!
4. Криминалот на Грујо и братучедите остави вечна дамка и таа не може да биде скриена ниту од најверните симпатизери... Без оглед што провладините медиуми во Македонија се обидоа на најперверзен начин да ја скријат вистината од јавноста, скандалите нема да бидат заборавени... Особено после информациите дека според првичните наоди на американски форензичари, аудио снимката е веродостојна и не е монтажа... Извештајот од целосното вештачење се очекува веќе следната недела... Можам да замислам какви ноќни мори има Грујо сега!
5. Финансиските проблеми не се можеби актуелни, но се голем (и непремостлив) проблем за власта... Кредитите на кои што се надеваа пред избори, не стигнаа... Иако беа одобрени, меѓународната заедница ги 'одложи' за после изборите... Власта држ-недај, се задолжи внатре во државата, ама бељата да биде поголема, се најавува ново одложување на парите што беа ветени пред изборите... Финансиските обврски доспеваат за исплата, а пари нема... Тоа секако ќе предизвика непопуларни владини мерки, ама и реакцијата од народот може да биде сурова!
Има и други причини зошто е денес тажно да си ДПМНЕовец, ама овие пет ги сметам за најбитни!