Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Македонија vs. Албанија

$
0
0
Дали се привлекуваат туристи со СПОМЕНИЦИ од Аминта Трети, со споменици од Симеон Радев и со споменици од шмизли и мачки?
Или се привлекуваат со натплатени видео-клипови за „Маќедонија е вечна“?




Или се привлекуваат со видео-клипови како што тоа го прави „заостанатата“ Албанија?




Причина за отворање на оваа тема се состојбите во Албанија...

Ме интересира, како може една Албанија за една година да има повеќе странски инвестиции од Македонија за десет години?
Како може Албанија да троши во текот на годината 45 пати повеќе пари за инфраструктура, отколку Македонија?
Како може Албанија да напредува со џиновски чекори, а ние да се враќаме во 'рикверц'?

Дали сте слушнале дека во Албанија во моментов имало најмногу кафеани и барови во Европа, по број на жители?
Дали сте слушнале дека во Албанија во моментов имало најмногу мерцедеси во Европа, по број на жители?

Зарем се луѓето попаметни од нас?

Се чувствувам ептен депримирано што стигнавме до тоа дереџе да им завидувам на држави како Албанија, Бугарија итн.!:(
Ми текнува кога бев млад, за овие држави бевме Американци!!!:(


п.с. Ич да не се обидува некој да ми кажува дека причината е во тоа што Албанија има море, пошто море немаат и многу други држави од Југоисточна Европа што се далеку поуспешни од нас (Унгарија, Чешка, Словачка, Србија итн.)!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887