Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Силвана Бонева крие станови во Центар од најмалку 360.000 евра

$
0
0
Ој Чифлиганец колку стана им даде на дпмне-овциве?
Силвана и Гоца комшики


Цитат:

Силвана Бонева крие стан во Центар од 180.000 евра

Власта крие милионски тендери дадени на своите омилени уредници. Власта крие милиони евра кои во само 7 дена се префрлени на нивните омилени телевизии. Власта ги крие своите тендерски фаворити преку анекс договори што достигнуваат и до десетици милиони евра по проект, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Денеска ќе покажеме нови конкретни докази како власта го крие и својот имот.
Еве го Анкетниот лист за имотната состојба на Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со денешен датум, вели тој.

Во Антикорупциската комисија, Бонева, на нејзино име пријавила автомобил опел Астра, девизни заштеди од 7 илјади евра на нејзина книшка и 10 илјади евра на штедна книшка на сопругот, куќа од 82 квадрата во Струмица како имот на родителите и заштеда на име на своите деца од 375 евра.

Тоа е впишано во Анкетниот лист на Силвана Бонева. Еве што не стои во Анкетниот лист на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е тоа што Силвана Бонева ГО КРИЕ од Антикорупциската комисија и од јавноста.

Стан во центарот на Скопје со пазарна вредност од околу 180 илјади евра!

Еве го Имотниот лист на синот на Силвана Бонева, Орце Бонев, достапен преку интернет.

Тој покажува дека на улица Димче Мирчев број 20, синот на Силвана Бонева е сопственик на стан од 109 квадрати, вреден преку 150 илјади евра, со подрум од 44 метри квадратни со пазарна вредност од околу 22 илјади евра. Значи Орце Бонев нема само дел од заштедата од 375 евра што ја пријавила во Анкетниот лист неговата мајка, координаторка. Тој има и стан од околу 180 илјади евра, што Силвана Бонева, го крие.

Ете така Боневи од 80-квадратната семејна куќа во Струмица се прошируваат и со стан во центарот на Скопје во вкупна вредност од околу 180 илјади евра!

Интересно е дека овој непријавен стан на Силвана Бонева т.е на нејзиниот син, се наоѓа во истата зграда каде што министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска криеше квадрати и легализираше мансарди. Сопартиско соседство.

Прашуваме:

Зошто го криете станот во центарот на Скопје од Антикорупциската комисија и од јавноста госпоѓо Силвана Бонева?

Дали и Вие како и министерката Јанкулоска сте мирни дека институциите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ ќе го покријат вашето несразмерно богатење?

Ова ли е “чесното“ ВМРО-ДПМНЕ господине премиер Никола Груевски?

Ете како власта на Никола Груевски зборува за борба против корупција, гони криминалци за 10 евра, ама преку ноќ купува големи и скапи станови. И не ги пријавува во Антикорупциската комисија. И ги крие од јавноста. И не одговара за тоа.
http://a1on.mk/wordpress/archives/271121


[B]


Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles