
Цитат:
Шекеринска во претседателството на Партијата на европски социјалисти Радмила Шекеринска, заменик претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е избрана за член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти, извести СДСМ. Партијата на европски социјалисти ги обединува социјалистичките, социјалдемократските и лабуристичките партии од земјите од Европа, како и германските и шведските социјалдемократи, француските и австриските социјалисти, како и Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент. ПЕС е силен поддржувач на политиките на проширувањето на Европската унија и пристапувањето на земјите од Западниот Балкан, посочува СДСМ. |