Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Војната од 2001 година - 13 години подоцна

$
0
0
Цитат:

Пред точно 13 година, на 22 јануари 2001 година, во 02.00 часот по полноќ, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Тројца полицајци беа ранети а Момир Стојановски загина. Нека му е лесна земјата...

Наредниот ден, одговорноста за нападот ја презема ОНА. Интегрален текст од комуникето број 4 на ОНА:
“Вчера, на 22 јануари 2001 година, во Теарце Tетовско, една единица на специјалниот оддел на ОНА, поддржана од една група набљудувачи, ја нападна, со ракети и автоматско оружје, славо-македонската полициска станица. За време на нападот спротивните сили не пружиле отпор, додека други славо-македонски сили, од други правци, не се доближиле на време на местото на настанот. Нападот беше ограничен и имаше предупредувачки карактер, за македонските освојувачи и нивните Албански говорници. Униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ. Ги повикуваме сите полицајци да се вратат кај нивните фамилии за да не ги загубат животите, служејќи им на македонските планови за доминација над албанското мнозинство”.

Поими кои се користат во ова “комунике“: специјален оддел на ОНА, славо-македонска полициска станица, славо-македонски сили, македонски освојувачи, униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ, македонски планови за доминација над албанското мнозинство, итн...

Братство и единство, љубов и мир, разбирање и соживот... Не знам што попрво човек да каже. Овие кои денес не убедуваат дека сакаат соживот и дека се бореле за права, излегле од дома, облекле униформи на УЧК, зеле фрлач на ракети и неколку автоматски пушки, дошле во близинана полициската станица, убиле еден полицаец и раниле тројца... Зошто??? За права??? За соживот??? Или, за подобар живот???

13 ГОДИНИ ПОТОА. 22 јануари, 2014 година. Република Македонија...

Паралелен премиер или премиер во сенка е командантот на УЧК, Али Ахмети.

Министер за одбрана е командантот од УЧК, Талат Џафери.

Градоначалник на Кичево е командантот од УЧК, Фатмир Дехари.

Директор на Македонски Пошти е командантот од УЧК, Рафиз Алити.

Во чин мајор е унапреден командантот од УЧК, дезертерот од АРМ, Eтеми Шеваљ – Ваљони, осомничен за киднапирање, малтертирање, тепање и силување на мавровските работници.

Голем број на припадници на УЧК станаа пратеници во Собранието, советници во општините, директори на јавни претпријатија, началници и командири, полицајци и војници... Во истата полиција и истата армија против која се бореа во 2001-та. Во истата полиција и истата армија чии војници и полицајци во 2001-та ги убиваа...

КАДЕ СЕ ДЕНЕС ПРИПАДНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ???

Началникот на ГШ на АРМ во 2001 година, генералот Панде Петровски е мртов. Умре во 2007 година од срцев удар. Нека му е лесна земјата...

Началникот на униформираната полиција во 2001 година, генералот Ристо Галевски е мртов. И тој умре во 2007 година од срцев удар. Нека му е лесна земјата...

Командантот на одбраната на Тетово во 2001 година, генералот Јосип Бошевски е мртов. Умре во 2010 година, по кратко боледување. Нека му е лесна земјата...

Министерот за внатрешни работи во 2001 година, братот Љубе Бошковски, по втор пат е во затвор. Најпрво во Хашките а потоа и во занданите во Идризово. Осуден на долгогодишна робија...

Командантот на Лавовите, генералот Горан Стојков, по втор пат е во затвор... И првиот, и вториот пат, во истражниот затвор во Шутка...

Заменикот командант на Лавовите, полковникот Бобан Утковски, имаше повеќе среќа. Не беше во затвор. Беше “само“ во притвор. Една година... Откако виде со кого си има работа, замина... Замина далеку од Македонија. Во Авганистан... Најверојатно таму, со Талибанците, се чувствува побезбедно отколку овде...

СУМА СУМАРУМ

Екстремистите кои ја нападнаа македонската држава, заедно со злосторниците кои убиваа и се изживуваа врз недолжни цивили, денес се живи и здрави, среќни и задоволни, распослани на сите можни државни функции...

За разлика од нив, македонските бранители гнијат во црната земја и мрачниот затвор... Или, ниту едното, ниту другото. Заборавени и отфрлени, деградирани и понижени, работат... Работат или се молат за работа... Во зависност од к‘сметот... И молчат. Молчат и трпат... И тивко, тивко, во себе, ја колнат својата судбина. Колнат, но се тешат. Барем останале живи... Понижени и деградирани, со згазено борбено достоинство, но живи... А тоа не е малку. Бидејки, само живи, вака или така, на овој или на оној начин, порано или подоцна, ќе соберат сили, и сите заедно ќе ја исправат големата неправда која им се случува!!!

22.01.2014 година
Генерал Ангелов
...тоа го кажа Генералот Ангелов.

Политиката во голема мера ги замати сите настани и факти околу 2001та.

Каква беше улогата на македонските државници? Неспособноста на разузнавачката и контраразузнавачката служба за да делува превентивно?

СДСМ ги обвинуваше ДПМНЕ за неспособни, ДПМНЕ ги обвинуваше СДСМ за колаборатори на УЧК, Македонците поделени според политичката ориентација.

Пост-воениот период, овие 13 години изобилува со натпреварување кој повеќе ќе им угоди на рехабилитираните УЧКи.

Кои беа воените профитери од македонска страна?

22 јануари е денот кога Македонија почна да се руши како дом на Македонците и чекор по чекор постануваше абортус од политички систем кој оди во прилог исклучиво на една етничка заедница која е малцинство.

Следуваат многу „јубилеи“, па редно е еднаш засекогаш да се оформи еден единствен заклучок од страна на симпатизерите на двете најголеми политички крила во државата. Можеме ли?

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles



Latest Images