Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Позерите глумат напатени дисиденти

$
0
0
Позерите глумат напатени дисиденти
16 јануари 2013, 16:39 | 0 коментари

Аман веќе од глумење на напатена опозиција која храбро, револуционерно, епски, бестрашно се бори против „диктатурата“. Мислам, ајде, пристојност малку. Па тие самите себеси со години се убедуваат дека се борат против Милошевиќ, Чаушеску, Германија 1936-та или Северна Kореја. И, мртви – ладни, го повторуваат тоа.

Прво мислев дека тоа воопшто не треба да се одговара. Но, сепак, интензитетот на повторувањето на ваквите дебело промашени тези заслужува коментар. Со ваквите споредби за Милошевиќ и Чаушеску овие салонски „отпораши“ од кафулињата на улица „Македонија“ директно ги навредуваат вистинските дисиденти, вистинските борци за демократија, вистинските активисти кои беа во комунистичките зандани.

Па зарем еден Ацо Петрески од Охрид можеме да го споредиме со еден Иван Стамболиќ? Зарем Бранко Црвенковски еден грам потсетува на Зоран Ѓинѓиќ? Го има ли неговиот полет, неговите идеали, неговата визија, неговиот остар ум, неговиот алтруизам, неговата јасност, неговото реформаторство, неговата храброст? Тоа е најскандалозната споредба, тоа е најголемата вообразеност. Нашиве позери кои се обични марионети на Бранко кои влегле во „филмот“ на Отпор, револуција, дисиденти, борци, активисти, партизани, чао Бела и слично.

Нашиве позери глумат дисиденти. Па Иван Стамболиќ доби куршум во глава од 8 припадници на Фрушка Гора и со месеци не можеа да му ги најдат коските. Одвај го идентификуваа овој несреќник кој беше жртва на ЈСО на Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ. Навреда за неговите страдања е одеднаш да го споредиме со Зоран Заев или Игор Ивановски.

Вук Драшковиќ го чуваа 4 момци кои беа убиени, збришани, прегазени од шлепер со песок на Ибарската магистрала. Сите четворица телохранители на Вук Драшковиќ загинаа од СДБ на Милошевиќ. Зарем тие 4 убиени несреќници ќе ги споредуваме со батките на БЦ кои ги има како доживотно обезбедување платено од државата како бивш претседател на БЈРМ?! БЦ тргна да гази обични полицајци со обезбедување токму од МВР. Вук Драшковиќ за еден сантиметар избегна атентат во Будва кога куршум му остави лузна на увото.

Зарем локалните скопски битанги на БЦ ќе ги споредуваме со авангардата што тргна да ги руши панданите на СKМ по Источна Европа? Па токму Бранко Црвенковски и неговите генерациски пајташи висеа по Kумровечки школи како „омладинци“ во 80-тите.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles