Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Според „Економист“ подобро е да се родиш во БАНГЛАДЕШ отколку во Македонија

$
0
0
Доколку сакаш да успееш во животот, треба да се родиш во една од 80-те држави кои што се најдоа на листата направена од страна на угледниот весник Економист и објавена во изданието наречено „Светот во 2013“...

Цитат:

„Ворен Бафет, најверојатно најуспешниот инвеститор во светот, има кажано дека сето она што добро му се случило во животот е поради фактот што се родил во вистинска земја, во вистинското време, односно во САД, во 1930“. Вака Економист го започнува текстот со наслов „Лотарија на животот“ на кој во продолжение се надоврзува листата која тие ја направиле, како резултат на истражувањето, за тоа во која земја би било најдобро да се родите во 2013 година. Како што велат тие, се обиделе да измерат која земја би овозможила најдобри можности за здрав, сигурен и просперитетен живот.
Земени се во предвид вкупно 11 критериуми... Стапката на криминал, довербата во државните институции, здравиот семеен живот, демографски, социјални и културни карактеристики, состојбите во политиката и економијата итн...

Топ 10 држави се Швајцарија, Австралија, Норвешка, Шведска, Данска, Сингапур, Нов Зеланд, Холандија, Канада и Хонг Конг…
Интересно е што во првите 10 на листата ги нема САД, како и ’домашната’ Велика Британија...

На дното на табелата се наоѓаат Бангладеш, Украина и Кенија...

На листата од 80 држави се најде место и за Словенија (32), Грција (34), Хрватска (46), Србија (54) и Бугарија (61), а Македонија во друштво со Албанија и Косово останува меѓу државите каде што не треба да се родиш ни како прво, а не па како трето дете!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles