Цитат:
„Ние сме вистината“- провладина организација против слободата и човековите права Со фрлање на правдата и човековите права во водите на „светата“ река Вардар и своевиден арт перформанс, беше промовирана организацијата „Ние сме вистината“, како еден вид пародија на општествените случувања во земјава изминатиов период. „Ние сме вистината“ е претставена како провладина организација која се бори против слободата, човековите права, правдата и еднаквоста. „Ти не си слободен се додека не станеш член на Ренесансната партија.Ти немаш човекови права се додека не ги заслужиш со тоа што ќе станеш потполно послушен на лидерот. Не постои правда поинаква од онаа што ја спроведува ренесансниот правен систем. Не постои еднаквост . Единствениот лидер е над нас, чувар на нашите сништа и стремежи, хранител, работодавател, тој ни кажува што е исправно и вистинито“, изјави самопрокламираниот лидер на „Ние сме вистината“, Џабир Дерала, инаку основач и претседател на НВО Цивил. Инаку како главни носители на овој проект на Цивил се независни уметници и интелектуалци преку проектот „Проговори“ кои работат на јакнење на јавната свест и солидарноста за човекови права и слободи. Во рамките на проектот, идниот период се планирани низа активности и перформанси кои треба да укажат на дефектите присутни во македонското општество. |
Работи си ги глупаците :)

