Скандал: Груевски спречил инвестиција од 150 милиони евра во Струмица само да му наштети на Заев?
Во соопштението на претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, дознавме за многу интресен факт. Имено во 2008-ма, Груевски и владата сториле се за да спречат милтимилионска инвестиција во Струмица со која ќе се вработеле над 3.000 Струмичани?! Ова е СКАНДАЛОЗНО!
Еве што кажа Заев:
Еве што пишуваше во Дневник во 2008-ма за овој случај:
http://www.maktel.mk/makedonija-2/it...shteti-na-zaev
Во соопштението на претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, дознавме за многу интресен факт. Имено во 2008-ма, Груевски и владата сториле се за да спречат милтимилионска инвестиција во Струмица со која ќе се вработеле над 3.000 Струмичани?! Ова е СКАНДАЛОЗНО!
Еве што кажа Заев:
Цитат:
Зошто го заборавате или го забошотувате случајот од 2008 год. кога мултинационалната компанија “Стијафилко“ сакаше да реализира голема инвестиција во Струмица? Направивте се’ таа инвестиција да пропадне, само Заев да не поентира од истата, а сето тоа на штета на потенцијалните 3.000 вработени. |
Цитат:
Владата ги брка потенцијалните странски инвеститори во Струмичко, обвини вчера градоначалникот Зоран Заев. Според него, иако министерот Веле Самак и' ветил на грчката фирма „Стијафилко“ продажба на државно земјиште по почетна цена од 100 денари за квадратен метар, на последниот објавен оглас цената била 700 денари. - Веќе долго интензивно преговараме со „Стијафилко“, која сака во нашата општина да инвестира 150 милиони евра за изградба на четири фабрики и да вработи 3.000 луѓе - рече Заев. Тој тврди дека кога Грците биле подготвени да лицитираат, Владата објавила оглас со цена од 600 денари, а завчера излегла со цена од 700 денари. - Очигледна е намерата на Владата од веќе готова работа да не излезе ништо. Мотивите се повеќе од проѕирни, што е срамота - изјави Заев. За локацијата кај струмичкото село Сачево Владата организира две јавни наддавања. На првата, кога цената беше 100 денари, Грците не се јавиле оти не ги обезбедиле навреме потребните банкарски гаранции, а на втората, кога цената беше 600 денари, никој не се пријави за лицитација. Од Министерството за транспорт, кое е надлежно за продажба на државното земјиште, ги оценија како лаги изјавите на Заев. „Цените на државното градежно земјиште се утврдени во Уредбата за начинот и постапката за отуѓување и давање под долготраен закуп“, соопштија од Министерството. Оттаму го прашаа градоначалникот Заев „дали има договор со некоја компанија и дали сака да и' го продаде земјиштето по багателни цени, па затоа го напаѓа Министерството“. |