Груевски-Заев: Дијалогот ќе се смета за мртов после 23 август
Денешната едночасовна средба помеѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со претседателот на СДСМ, Зоран Заев е „последен напор“ за откочување на работата на ад-хок комисијата која треба да го направи извештајот за случувањата на 24 декември.
Последен рок за постигнување согласност за Извештајот на комисијата, е 23 август, петок, договориле двајцата лидери, се вели во заедничкото соопштение по средбата.
„Доколку до тој рок не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение“ се вели во соопштението.
Двајцата лидери на партиите денеска разговараа зад затворени врати. Пред средбата Груевски – Заев, лидерот на СДСМ во изјава за Радио Слободна Европа истекнал дека на дијалогот за настаните од 24 декември лани да му се даде уште една шанса.
- Постои уште една шанса за разговорите. Официјално до 24 август се уште е отворена можноста да се донесат заклучни согледувања и препораки како извештај од работењето на комисијата за настаните за 24-ти - вели Заев.
Премиерот Груевски во саботата најави дека доколку во наредните денови не се најде решение, ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли „за нови чекори и за нови стратегии, кои ќе бидат сосема поинакви од она што е сега“.
http://www.plusinfo.mk/vest/103187/G...osle-23-avgust