Во организација на Горан Јанкуловски, роден брат на министерката за внатрешни работи последните четири години е централизиран бизниот со бугарски пасоши. Сите посредници помеѓу македонските граѓани кои аплицираат за добивање бугарски пасош МОРА бизнисот да го тераат преку Јанкуловски и еден угостител од Благоевград, инаку - НЕМА ПАСОШ!!! До сега со бугарски пасош се здобиле над40.000 македонски граѓани, а уште 70.000 апликации на заинтересирани чекаат финализирање на постапката. Со нараснувањето на бројот Македонци со бугарски пасош и нивното фактичко изјаснување за Бугари, стекнати се услови да се регистрира и легитимна политичка партија која ќе ги артикулира нивните политички права и интереси. Во таа насока, во договор помеѓу политички елити и безбедносни структури на Бугарија и ВМРО ДПМНЕ веќе се работи на регистрација на партија во Македонијасо со име ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА БУГАРИТЕ ВО РМ. Иницијатор за формирање на оваа политичка партија е Тони Ристовски од Скопје (УБК знае до детал за неговите активности!). За формирање на партијата Тони Ристовски редовно контактира со Спас Ташев, бугарски државјани опсервиран од УБК, инаку поврзан со бугарските безбедносни структури и политички елити на Бугарија. Во тие контакти со Ташев, Ристовски побарал финансиска помош од Владата на Бугарија. Му била ветена под услов да изготви Статут на партијата и да покрене постапка за регистрација на партијата пред судските органи во РМ.Доколку партијата ја помине постапката на регистрација и добие дозвола да работи, а нема никакви пречки од нивните пријатели од ВМРО ДПМНЕ тоа да не се случи, тогаш и на дело ќе се покаже дека во Македонија постои и бугарско малцинство. Во случајов ќе стане збор за малцинство кое ќе биде застапено со најголем процент после Албанците. Што понатаму води кон отварање на процес на директно мешање на Бугарија во расплетот на кризата на Балканот која ја зафаќа и Македонија.Заедно со Тони Ристовски, подносители на иницијативата за регистрација на партија на Бугарите во РМ се и лицата: Панче Веселинов од Кочани, Тони Златановски од Скопје, Попов Илија од Кочани и Кралевски Дејан од Куманово...
Sekogas bile i ce ostanat PREDAVNICI na Makedonija
tie nikogas ne bile niti ce bidat Makedonci...
Sekogas bile i ce ostanat PREDAVNICI na Makedonija
tie nikogas ne bile niti ce bidat Makedonci...