Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Џафери не гледа проблем како министер да се поклони во Слупчане

$
0
0
Минатата година, тогашниот Министер за НО
Бесими одаде почит на паднатите борци на УЧК
во Слупчане.


Реакциите на Владата и Премиерот Груевски во
тој момент беа:

Цитат:

,,Тој ниту побарал ниту ќе добиеше согласност за тоа од Владата за тоа да биде некакво владино чествување или негово испраќање на тоа место. Уште полошо е тоа што отиде со униформирани лица и на тој начин ги повреди чувствата на Македонците.,, изјави Груевски
http://mkd-news.com/gruevski-javno-g...na-ekskurzija/
Цитат:

Чинот во Слупчане беше една приватна екскурзија на министерот за одбрана Фатмир Бесими или негова партиска задача, а денеска изразеното жалење во однос на тој настан можност за смирување на ситуацијата. Очигледно е дека се работи за еден лош чекор што беше направен, чекор којшто ниту бил дел од нашите поранешни разговори кога создававме коалиција и чекор којшто непријатно изненади многу луѓе и ги повреди чувствата на многу Македонци. Денешното негово жалење навистина може да е еден добар чекор којшто може да води кон една смирувачка ситуација, вели Груевски.
http://mkd-news.com/gruevski-javno-g...na-ekskurzija/
А Претседателот на државата и врховниот
командандт на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, за овој случај изјави:
Цитат:

Иванов побара истрага и одговорност за настанот во Слупчане
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, побара од надлежните органи расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност по настанот во Слупчане...

Во врска со последниот настан во Слупчане, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по добивањето на релевантните информации од надлежните институции, оценува дека не биле испочитувани институционалните правила и процедури. Униформираните лица во придружба на Министерот за одбрана, не се во формацискиот состав на Армијата на Република Македонија, туку членови на Кабинетот на министерот, стои во соопштението.
http://www.dnevnik.com.mk/default.as...8EAABC53DCD811
Оваа година Министерот за НО на Р.Македонија
Џафери најавува:"не гледам проблем како министер да се поклонам во Слупчане"
Цитат:

На прашањето дали посетата ќе биде официјална како министер за одбрана или во друга форма, Џафери кратко одговори:

„Ако има официјален и неофицијален министер тогаш може да го третирате како што сакате“.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=60683#.UfjBeazna2U
Се прашујам: дали одговорот на Владата и Премиерот Груевски и
Претседателот на државата Иванов ќе биде ист како минатата
и тоа ќе биде уште "една приватна екскурзија на министерот за одбрана"
во која "не биле испочитувани институционалните правила и процедури."
и со која уше еднаш "ги повреди чувствата на многу Македонци."???

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles