ЕКСКЛУЗИВНО Плусинфо ќе објави документи за „кодошлакот“ на позната јавна личност што денес се слави како македонски револуционер
Од извор што нема да го открие, Плусинфо доби фотографии на кои се прикажани документи од соработничко досие на некогашната Служба за државна безбедност, за позната личност, која денес се смета за жртва на тајната полиција и македонски револуционер. Во понеделник, 29 јули, Плусинфо по електронска пошта ќе ги испрати овие фотографии до Комисијата за верификација на фактите, која спроведува лустрација на познати живи, но и на починати јавни личности.
Комисијата ќе процени дали посочените документи се доволни да се лустрира спомнатата личност, која е почината. Но, почитувајќи го правото на јавноста да знае, дилемите за тоа ќе ги споделиме и со нашите читатели. Плусинфо јавно ќе ги објави фотографиите, при што неизбежно ќе ги затемни деловите во кои се спомнува познатата личност, за да го заштити нејзиниот идентитет.
Во еден од тие документи, на пример, спомнатата личност ја опишува својата средба со големиот сликар Никола Мартиновски, за време на негова изложба во Париз. Во друг документ, тој дава изјава за писателите Мето Јовановски и Бранко Варошлија, кои наводно барале средба со него. Има и документ во кои тој очигледно кодоши извесни иселеници Данчо Бојковски од Чикаго и Киро Матраков, за кои Плусинфо нема никакви сознанија.
Интересно е дека на сите тие документи стои потпис на лицето (не е „прераскажуван“ од оперативци на СДБ), што укажува на тоа дека бил соработник. Од два посочени документа се гледа дека СДБ и правосудните органи планирале лицето да го регрутираат како соработник на тајната полиција.
Плусинфо доби и сет фотографии на кои спомнатото лице е во пријатна прошетка со Добри Величковски, поранешен инспектор, а подоцна и началник на Службата. Како што е познато, Комисијата за лустрација го лустрираше Величковски, како и повеќе поранешни високи функционери на СДБ.
Редакцијата на Плусинфо не сака на себе да ја преземе одговорноста да открива кодоши и да пресудува за нивното минато, па таа работа ќе им ја препушти на комисијата на Томе Аџиев и на пошироката јавност. Овде само ќе споменеме дека неколку познати јавни личности, живи и починати, веќе беа неправедно лустрирани, со никакви или многу поскромни „докази“ за нивната наводна соработка со тајната полиција отколку овие, кои се однесуваат на личност која денес се слави како родоначалник на модерното македонско револуционерно движење.
плусинфо