Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Бугарија: 20 повредени во судири околу опколениот Бугарски Парламент

$
0
0
Зошто на Воденица нема збор за ова:

http://euronews.com/2013/07/24/bulga...hange-tactics/

Луѓето се таму повеќе од 40 дена, мирно протестираа, но сепак на крај им се случи полиција, имаше повредени, кај нас штама...

Пред едно 3 години, сметано од вчера, го имаше ова:

http://www.youtube.com/watch?v=LA8lyQoxGgw

Еве превод, нештата да станат појасни:

Цитат:

Добра ноќ ценети гледачи.
Спиете ли?
Ги поздравувам мајките на нашите раководители,
до вчера беа безгласни, а денеска газови.
Се замислуваат дека се страшни, бескомпромисни полицајци.
и прават операции со експлицитни имиња,
октоподи, ракчиња и друга морска храна.
А пред канцелариите ги чекаат новинарките
такви новинарки само да сакате,
уште не ја качиле во џипот,
а таа веќе посегнува и го отвара патентот.
Таков е животот.
Ги поздравувам сите весници и главните уредници
и нивните заменици.
Секој пишува за сè, а ништо не разбира.
Толку е гнасно дури не ми се коментира.
Не ми зборувајте за закон и устав,
во оваа држава се е проституција.

Пак ли ќе живееш во лага?
Нема таква држава.
Пак ли ќе трпиш и до кога?
Нема таква држава.
Нема смисла од тоа и последната илузија умре
во таа земја на власт и глупоста.

Добра ноќ ценети гледачи.
Спиете ли?
Колку данок ќе им земат на народните будители?
Двајца - тројца студенти заморено протестираат,
немаат шанса тука за нив,
најдобро да емигрираат.
Силиконски живот, силиконски гради,
силиконски соништа и лажни политичари.
Сите живеат во една досадна реклама,
во која слободата е еднаква со салама.
Вести почнуваат со дебата за буџетот
какви дебати, ебати, пратеници и фалсификати.
На говорницата се качува некаков педер.
Педер, педер, но облечен во власт.
Во устата му глупости, во очите му злоба,
тој таа власт ќе ја стиска до гроба.
А штом ќе ја заврши неговата смешна дебата,
ќе отиде да ебе во Студентскиот град.

Пак ли ќе живееш во лага?
Нема таква држава.
Пак ли ќе трпиш и до кога?
Нема таква држава.
Нема смисла од тоа и последната илузија умре
во таа земја на власт и глупоста.

Добра ноќ ценети гледачи.
Спиете ли?
или чекате да дојдат следните спасители?
Колку пати се повторува старата приказна?
Го исфррламе едниот, го гушкаме вториот.
Некој знае како ли еден милиционер
одеднаш се буди како милионер?
Тие нели божем се нови, а сепак се истите
однесуваат се како шефови и гледаат мрачно намуртено.
И одеднаш станува јасно дека се полни со имот.
И одеднаш станува јасно дека се полни идиоти.
И што да ги правиме сега овие Кавали
Штом и онака веќе сме ги избрале?
Не ли сте уморни да ве лажат на ситно?
Не ли сте уморни да живеете сиромашно?
До кога ќе си молчиме, веќе станува банално!
Толку ли е тешко да живееме нормално?

Пак ли ќе живееш во лага?
Нема таква држава.
Пак ли ќе трпиш и до кога?
Нема таква држава.
Нема смисла од тоа и последната илузија умре
во таа земја на власт и глупоста.

А бе, нема таква држава!
ДП(Б)НЕ и ТАМУ и ТУКА, се е исто, баш како текстот ...

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles