Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Случај КЕЖАРОВСКИ

$
0
0
За Кежаровски дискутиравме на неколку теми, но случајот зазема прилично големи размери и заслужува посебна тема...

Пред се’, едно кратко објаснување за оние кои што не знаат за што се работи... т.е. што читаат само Курир и Сител!


Кежаровски уште во 2008 година открил идентитет на заштитен сведок, за некаков криминал во велешко Ореше... Тие работи се случуваат секаде во светот и во ниту една нормална држава такво нешто не е казниво... И не само во нормални држави, туку Кежаровски не беше гонет дури ниту во режимска Македонија... Се’ во рамките на ’истражувачко новинарство’...

Арно ама, после 5 години Кежаровски им згазна на плускавец на вождот Сашо Мијалков и на неговата кукла Груевски... Новинарот ’се дрзна’ да открива некои сомнителни работи за смртта на Никола Младенов и ОП... После 5 години од случајот во 2008 година, среде ноќ Кежаровски е уапсен и сместен во притвор...

Што имаме денес...
Обвинувања од цел свет за слобода на говорот...
Критики стигнуваат од сите страни...

Цитат:

ОБСЕ: Притворањето на Кежаровски негативно ќе влијае врз слободата на медиумите

ОБСЕ посочила дека затворањето на Кежаровски има негативен ефект на слободата на печатот и дека на новинарите мора да им биде дозволено истражувачко новинарство за прашања од јавен интерес, без закани од затвор и без присилување да се откријат изворите.
Цитат:

Формиран Иницијативен одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притвор, изразува длабока загриженост од веста за штрајкот со глад на Кежаровски и бара итно да биде пуштен да се брани од слобода.
Цитат:

НУНС побара Кежаровски да биде пуштен од притвор

Независното здружение на новинари на Србија-НУН изрази солидарност со новинарот Кежаровски кој вчера започна со штрајк со глад.
НУНС го поддржува барањето на македонските новинари Кежаровски да се пушти да се брани од слобода.
Цитат:

МПМЈЕ бара ослободување на Кежаровски

Мрежата за професионализација на медиумите од Југоисточна Европа (МПМЈЕ) се приклучи кон барањата од голем број други организации од земјава и од странство за итно ослободување на Кежаровски. Во мрежата членуваат 17 невладини организации од 12 земји.
Цитат:

И IFEX бара слобода за Кежаровски

Меѓународната мрежа за заштита и промоција на слободата на изразувањето-IFEX со седиште во Торонто, Канада, се приклучи кон барањето за итно ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.
Мрежата IFEX ја сочинуваат 80 организации во светот меѓу кои и Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles