Цитат:
Не можам да се помирам со фактот дека ние што нешто знаеме, во споредба со оние што се главното гласачко тело на нацијата, водиме со 100:0. А тие нас нé победуваат на секое гласање со 100:0. |
Интересна колумна на Венко Андоновски!
Цитат:
Имено, бидејќи сум професор по книжевност, секогаш кога говорам за фантастиката им нагласувам дека прв и основен услов за да настане фантастичен ефект во некое дело е – неверојатниот настан. И им велам на студентите – критериумот дали нешто ќе се смета за веројатно или неверојатно зависи ЕДИНСТВЕНО од искуството, а според тоа и од степенот на знаења (образование) на оној што го проценува настанот. На едно предавање, за пластично да ја илустрирам тезата дека веројатното/неверојатното е категорија сврзана со искуството и со возраста, се послужив со педагошки недозволен пример. Им реков: „Ако сега ако ви кажам дека крај прозорецов прелета на метла деканот, што ќе ми кажете?“ Прснаа во смеа. За среќа, деканот ми е пријател, па нема да се лути. „Значи, се смеете затоа што тоа за вас е неверојатно, на границата на бесмисленото“, реков. „Меѓутоа, ако тоа му го кажам на дете од градинка, кое драстично се разликува во степенот на знаењето од вас, тоа ќе се сврти кон прозорецот и сигурно ќе праша: „Каде е чичкото?“ Значи, она што за школуван и искусен човек спаѓа во категоријата „неверојатно“, за нешколуван и неискусен спаѓа во категоријата – веројатно. И тогаш стана еден од студентите што брзо сфаќаат и ми рече: „Професоре, значи, нашите политичари ни го продаваат неверојатното како веројатно само затоа што ние сме неискусни и необразовани како деца?“. Да, драги мои. Во секое предизборие, власта на неписмениот и необразован граѓанин на Република Македонија му го продава неверојатното како веројатно. Фантастиката му ја продава за реализам. Затоа и лесно се владее со необразован и запустен народ. |
А и овој дел е многу јак!
‘Мајче, што ти е тебе?’
‘Оперисана сум.’
‘Од што си оперисана?’
’Не знам, никој не ми кажа’
’А знаеш ли како ти се вика соседот?’
’Да’
’А дали соседот има љубовница?’
’Да’
’А знаеш ли како се вика љубовницата?’
Цитат:
Не само што жената го знаела името на љубовницата туку знаела и каков автомобил вози, и чија ќерка е, и каде работи. На тоа мојата пријателка и рекла: „Мајче, не можам да сфатам колку имаш интерес да знаеш за другите, а за својата болест – ништо“. |