На последните локални избори имаше три ЕВИДЕНТИРАНИ проблеми со избирачките списоци...
1. Донесени лица од Пустец и други места во Албанија (како оној што кажа дека гласал во општина Центар затоа што бил болен)...
2. Избришани лица за кои што се ’знаеше’ дека ќе гласаат за опозицијата (многумина како Дуле млекарот, на пример)...
3. Преместени лица од една во друга општина (по извршена проценка каде е подобро да гласаат, како наш ВикторЛ на пример)...
И еден неевидентиран, но повеќе од очигледен проблем:
4. Во Македонија има регистрирано 1.749.038 жители со право на глас, иако е повеќе од јасно дека бројот на полнолетни луѓе е драстично помал...
Прашање:
Дали има некој на форумов што мисли дека избирачките списоци се во ред и дека не им треба прочистување?
Прес-конференција на СДСМ...
http://www.novatv.mk/index.php?p=1&n...at=2&vest=5784
Реакција на ДПМНЕ...
http://www.plusinfo.mk/vest/99935/VM...ogazuva-zborot
1. Донесени лица од Пустец и други места во Албанија (како оној што кажа дека гласал во општина Центар затоа што бил болен)...
2. Избришани лица за кои што се ’знаеше’ дека ќе гласаат за опозицијата (многумина како Дуле млекарот, на пример)...
3. Преместени лица од една во друга општина (по извршена проценка каде е подобро да гласаат, како наш ВикторЛ на пример)...
И еден неевидентиран, но повеќе од очигледен проблем:
4. Во Македонија има регистрирано 1.749.038 жители со право на глас, иако е повеќе од јасно дека бројот на полнолетни луѓе е драстично помал...
Прашање:
Дали има некој на форумов што мисли дека избирачките списоци се во ред и дека не им треба прочистување?
Прес-конференција на СДСМ...
Цитат:
СДСМ: МВР да објасни како е можно 74 лица во еден стан Социјалдемократскиот сојуз по трет пат го постави прашање за новонаселените лица во Општина Центар, и велат се надеваат конечно ќе добијат одговор од надлежната институција. Согласно законските процедури, при промена на местото на живеење граѓаните на Македонија се должни промените да ги евидентираат и во своите лични документи. Пред да се издаде лична карта со нова адреса на живеење, МВР врши контрола на лице место со цел да се увери во веродостојноста на пријавените промени од страна на граѓаните. „Без ништо да прејудицираме, го прашуваме МВР кој и кога од СВР Скопје, согласно законските процедури извршил контрола и констатирал дека на: ул. Максим Горки 11/1-2 живеат најмалку 74 новодоселени лица ул. Димитрие Чуповски 20/1 живеат најмалку 37 новодоселени лица ул. Васил Ѓоргов 23/2-27 живеат најмалку 31 новодоселено лице ул. Стале Попов 9-1/58 живеат најмалку 31 новодоселено лице ул. Даме Груев 1/4-2 живеат најмалку 30 новодоселени лица ул. Киро Крстевски - Платник 11/1-3 живеат најмалку 29 новодоселени лица ул. Стале Попов 9/2-15 живеат најмалку 17 новодоселени лица ул. Стале Попов 9/2-43 живеат најмалку 4 новодоселени лица ул. Стале Попов 9/2-44 живеат најмалку 9 новодоселени лица ул. Стале Попов 9/2-7 живеат најмалку 5 новодоселени лица или вкупно на ул. Стале Попов 9 влез 2 новодоселени 35 лица ул. Френклин Рузвелт 64/1-3 живеат најмалку 20 новодоселени лица ул. Петар Поп Арсов 36-а живеат најмалку 18 новодоселени лица бул. Илинден 63/1 живеат најмалку 13 новодоселени лица ул. Димче Мирчев 8 живеат најмалку 11 новодоселени лица Искрено се надеваме дека овој пат наместо ДПМНЕ, одговор ќе ни даде МВР, со оглед на тоа што се работи за информација за која единствено и директно би требало да надлежно министерството, а не партијата на власт“ велат од СДСМ. |
Реакција на ДПМНЕ...
Цитат:
ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски повторно си го погазува зборот Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој побара од МВР да дадат одговор за новодојдените фантомски гласачи во Скопје. „Дамјан Манчевски во очигледна безидејност одржа прес-конференција на која лично тој по којзнае кој пат си го погази својот збор. Токму тој, како преставник на СДСМ во Државната изборна комисија беше вклучен во прочистувањето и прегледувањето на Избирачкиот список и самиот на јавноста и потврди дека списокот е прочистен и дека со него може да се оди на избори. Манчевски на седницата на ДИК истакна дека прочистувањето на избирачкиот список се одвиваше согласно барањата на СДСМ и дека немаат дополнителни забелешки и избирачкиот список е подготвен за локалните избори“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. |