Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Кој ја уништува македонската песна и музика

$
0
0
ВМРО-НП: Цела српска шабанерија е во Македонија!

ВМРО-Народна партија со голема загриженост и чудење, секојдневно чувствува како македонската јавност е цел на невидена пропаганда за одржувањето на пиво фестот во најантичкиот град Прилеп, каде главна ѕвезда на вечерта ќе биде Халид Бешлиќ. Со тоа продолжува традицијата на прилепските патриоти, српски пеачи да бидат мамец за привлекување на поголем број слушатели.

И не се само прилепчани. Во Охрид на најголемиот национален празник 2 Август - Илинден, охридските комити ќе ги забавува познататиот српски националист Аца Лукас, потоа следува Жељко Јоксимовиќ, а само неколку дена подоцна, на најголемиот црковен празник Св. Климент Охридски, охридските патриоти ќе ја слушаат проблематичната српска пеачка Наташа Беквалац. Не е за чудење, ако на Мечкин Камен запее Цеца Ражнатовиќ.

Затоа со право се прашуваме, каде исчезна убавата македонска песна со векови наназад негувана и создадена од македонски мелос, фолклор и текст, која претставува една од основите на идентитетот на македонскиот народ.

Со ова, паѓа во вода и повеќе годишната владина кампања „купувајте македонски производи“, бидејќи средствата што ќе се одлеат на контото на еден српски пеач за една вечер, се поголеми од чинењето на еден рекламиран македонски производ преку оваа кампања за една година, што го купуваат македонските граѓани.

Ваквиот опасен тренд кој Владата упорно продолжува да го подржува, го разградува и уништува духовното творештво а со тоа допринесува и за загрозување на македонскиот идентитет со несогледливи последици.

http://maktel.mk/makedonija-2/item/2...-vo-makedonija

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles