Бобан Насев:
Ете така. Колку да ве потсетам за малиот, кој веројатно нешо гадно заебал после преписка како во долните два линка.
Убаво е да се погледне неговата комуникација со ИД и РО, објавено од Зоран Божиновски и ... како се „работат„ некои портали од страна на вемерото. Башка шо, ако све ова е истина, поголем ку**пушач не сум сретнал.
бобиилија
бобироби
Цитат:
Газдата на порталот Комуникација мамел како „директор“ во ВИП Уште четворица оштетени граѓани поднеле пријави против Бобан Насев, сопственикот на порталот Комуникација.мк кој беше приведен минатиот викенд, јави Прес 24. Тој, според информациите на порталот, се претставувал како директор во мобилниот оператор ВИП, директор на Агенцијата за млади и спорт, менаџер на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години, па и како функционер во Агенцијата за управување со конфискуван имот. Насев на сите нив ветил дека ќе ги вработи, измислувајќи неверојатни приказни. Како директор во ВИП, на еден му ветил специјализација за ќерката во САД и вработување во Владата, во одделот за односи со јавност, за што му наплатил 6.000 евра за лажна диплома по англиски за неговата ќерка. Како наводен директор во Агенцијата за млади и спорт, газдата на Комуникација успеал од штипјанка да земе околу 6.000 евра за вработување како негова асистентка, а истата лага му испеала и од „позиција“ на директор на Агенцијата за конфискуван имот. „Најневеројатно е како измамил кочанчанец дека неговиот син ќе настапи на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години. Од овие оштетени прибавил вкупно 19.500 евра. Претходно го пријавија петмина со кои вкупниот профит на Насев достигнува до 40.000 евра“, јавува Прес 24. Насев веќе осми ден е во притвор, со одлука на истражен судија за повеќе дела на измама. |
Убаво е да се погледне неговата комуникација со ИД и РО, објавено од Зоран Божиновски и ... како се „работат„ некои портали од страна на вемерото. Башка шо, ако све ова е истина, поголем ку**пушач не сум сретнал.
бобиилија
бобироби