Мислам дека ова е веќе многу претерано. Знаејќи дека целото судство е “во рацете“ на ДПМНЕ, воопшто не е фер со тужби да им се закануваат на политичките противници.
Ова ги преминува сите граници.:(
Цитат:
ВМРО до СДСМ: Внимавајте да не добиете тужба како Тито Петковски! Наместо да одговорат на коректните и јасни прашања, што ВМРО-ДПМНЕ ги постави до Радмила Шекеринска, СДСМ одлучи да ја манипулира јавноста со груби лаги. За исто вакво тврдење господинот Тито Петковски доби тужба и ќе мора пред суд да ја докажува својата лага. Ова е реакцијата на владејачката партија на соопштението од СДСМ, во кое се наведува дека во 2008 година премиерот Никола Груевски се согласил да се смени уставното име на државата. „Грубите измислици и лаги како напад врз ВМРО-ДПМНЕ, не се одговор на прашањето што ние и го поставивме на Радмила Шекеринска, а тоа е: каков е тој компромис, кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ. |