Тема во која можете да кажете каде сте прошетале низ Македонија. Кој град, кое село, која планина ви оставила добар впечаток... Што сте мезеле, јаделе, пиеле. Впечатоци, искуства, добри и лоши.
Бев пред година во Трпејца на одмор... Одлично место, рај за душа и тело. Зајдисонцето пропратено со лименка пиво и добро друштво е незаборавно искуство. Тишината делува релаксирачки, а и погодивме добар период кога нема многу гужви... Езерото тиркизно плаво, кафанчињата покрај плажа се одлични. Би го препорачал ”St. Tropez”, има одлична услуга, вкусна и добро спремена храна и што е најважно културен персонал. Жолта и ладен таратур покрај брегот на Охридско е невероватна комбинација...
Галичка свадба. Искрено бев скептик за настанов, појдов и се разубедив... Галичник, река на луѓе, ударот на тапаните на Трио Мајовци одекнува по планината. Не се сеќавам на името на хотелот во кој јадев бакрдан со галичко сирење... Македонија ги има најдобрите сирења и кашкавали на светов! Бакрданот (качамак) со светло жолта боја, свежо направен, сирењето млечно бело, доволно солено, погледот кон гората и езерото Глобочица единствен...
Лазарополе, таму најгоре, 2 август. Препорачувам да се појде на денов, претставува селски празник, од пред некоја година почна да се одржува и фестивал, може да се кампува со шатор, а може и да се престојува во хотел Калин (ноќевање со доручек 35 евра, доста скапо). Селото е стварно таму најгоре, може да се пристапи со автомобил а може и преку турите со пешачење. Одлична природа, чист воздух, весели луѓе. Мијачијата ми е посебно драга, мислам дека е најубавиот дел на Македонија.