Цитат:
Полицијата сослушувала заради ангажмани со договори за дело ? Во охридксата полиција деновиве на разговор биле повикани повеќе граѓани кои имале засновано работен однос со договор за дело во Локаланта самоуправа и јавните претпријатија во Охрид - дознава Охрид 1 од лица кои тврдат дека биле сослушани. Полицијата во својата истрага стигнала дотаму што дури некои од лицата кои имале договори за дело биле посетени и во нивните домови и тукла се разговарало со нив за тоа како дошле до ситуација да имаат договор за дело. На сите им се поставувале идентични прашања, од тоа како дошло до тоа да се склучи договорот, па до тоа кој ги ангажирал, дали тоа било партиски и дали можеби давале пари како мито за да дојдат до ваквиот ангажман. - Посмешно нешто немам доживеано. Додека Охрид стана нај небезбеден град во Европа тие ме прашуваа во полиција дали партиски сум го добила ангажманот. . . Ова е толку смешно како полициски виц . Па нормално дека партиски дојдов до тој договор, како што и сега партиски добиваат договори за дело, па дури и советници со ранг на втори луѓе во градот имаат ангажмани со вакви договори добиени на партиска основа. Па и самиот началник на полицијата е партиски поставен - вели една наша сограѓанка која била ангажирана од бившата локална власт со вакво договор. Охрид 1 се обрати кај портпаролот на СВР Охрид, но тој заради презафатеност до овој момент не даде свој коментар. |
ЛИНК