Да обратиме внимание на случувањата во Турција и може ли, да се повлечат паралели со нас?
Ердоган е сличен „владетел„ со нашиов(види болдирано) со голема компаративна предност-катагодишно зголемување на БДП.... НО:
Дали во Турција започнува голем преврат
Ах и уште нешто. За разлика од нашите „уметници„ кои протестираа против опозицијата, во врска со законот за буџет, еве како еден уметник од Турција се однесува деновиве:
Султан Сулејман(Халид Ерганч) ги поддржа протестантите.
Наградно прашање: Колку века беа турците, под пусто турско?
Ердоган е сличен „владетел„ со нашиов(види болдирано) со голема компаративна предност-катагодишно зголемување на БДП.... НО:
Дали во Турција започнува голем преврат
Цитат:
Протестите во Турција стануваат се помасовни и од еден парк во Истанбул нагло се проширија во десет града низ Турција. Според последните информации од теренот на демонстрантите им се приклучуваат цели населби од високата средна класа а слоганот “Ердоган оставка” станува се погласен. НОВА контактираше со интелектуалци во Турција кои решија да им се приклучат на протестите.Новинарот Орхан Даларасла, кој во моментов се наоѓа во Измир, за НОВА вели дека растечкиот број на луѓе кои им се приклучуваат на демонстрантите влева оптимизам. - Ако до пред малку лично сметав дека движењето нема сила да продолжи уште долго по реакциите на народот, односно младите, по денешниот говор на Ердоган во кој тој не нарече фашисти и истакна дека ќе продолжи со агресијата врз нас, верувам дека турското општество е подготовено за промени, дека ова движење кое расте од час на час имаме сила да прејде во нешто големо. Видете ја онаа фотографиоја на мостот. Тоа е силната млада Турција која има волја и сила да се избори за промени и за демократско општество., вели за НОВА новинарот Орхан Далараслан. Индикативно за состојбата на демократијата во Турција е и односот на медиумите кои се обидуваат да ја премолчат целата ситуација. -Тие воопшто и не известуваат за ова. Големите телевизии, големите весници молчат и се преправаат дека ова не се случува. Дека овие стотици илјади млади луѓе надвор едноставно не и се случуваат на Турција денеска. Тоа е уште еден доказ колку е ова општество демократично, вели нашиот колега кој заедно со други активисти се обидуваат да го обрнат вниманието на меѓународната јавност преку социјалните мрежи. На хаштагот #geziparkı на Твитер досега се испратени 70.000 твита воглавно адресирани до меѓународната јавност. За позадината на овие случувања воспоставивме контакт со професорката Зејнеп Алемдар која, како што ни рече, заедно со уште илјадници други припадници на високата средна класа во Турција им се придружуваат на протестите. -Ова е кулминација на реакциите против угнетувачките политики на владата. Во нивниот втор мандат тие ја зголемија нивната нетолерантност кон различните мислења и групи во општеството кои мислат поинаку од естаблишментот. Полицијата се повеќе делува како некаква морална милиција, а не сервис на граѓаните. Пред неколку дена во метрото во Анкара осамнаа плакати со предупредување “однесувајте се пристојно во метрото”. Плакатите беа ставени откако претходно момче и девојка беа опоменати да не се бакнуваат во метрото. Во меѓувреме не загрижува што се подготвуваат уставни промени, а во таа дебата луѓето од владеачката АКП се повикуваат на цитати од Куранот. Сево ова не потсетува на Иран пред револуцијата, вели за НОВА професорката Зејнеп Алемндар. СОЛИДАРНОСТА – ГЛАВНО ОБЕЛЕЖЈЕ НА ПРОТЕСТИТЕ Македонскиот фоторепортер Томислав Георгиев во моментов се наоѓа во центарот на Истанбул и веќе втор ден е на терен помеѓу демонстрантите. Томислав вели дека и покрај морничавите глетки од крв на улиците на Истанбул, сепак, односот на граѓаните едни кон други сведочел не само за солидарноста, но и за масовната поддршка на граѓаните кон демонстрантите. -Атмосферата е фантастична, не затоа што има крв по улиците, а има, или затоа што агресијата на полицијата е очигледна, туку затоа што Турците се покажаа храбри и пред се сплотени. Во Истанбул ниту еден излог не е искршен и ниту една продавница не е затворена. Луѓето од кафеантие излегуваат и им помагаат на настраданите од солзавец, им носат парчиња лимон, вода, сокови, делат бесплатна храна. Сега бев сведок на една сцена кога аптекарот излезе од апткета со пакет маск и им ги делеше на луѓето за да се заштитат. -Келнерите заедно со своите газди чекаат да заврши смената и да одат на протести. Работат, ручаат, протестират, па пак на работа, па пак на протести, едноставно протестот станува се помасовен, а народот кој не е на протести не се плаши од демонстрантите туку ги помага и поддржува. Георгиев е восхитен и од храброста на младите кои се во првите редови во судирите со полицијата. -Младите воопшто не им се плашат, им фрлаат солзавец, овие го фаќаат со рака и им го враќаат. Се чувствува дека на луѓето им е преку глава и на стари и на млади, со кого и да позборувате и од она што го гледате, едноставно тоа чувсто е неизбежно, раскажува Георгиев. Се почна во четвртокот со еден помал протест на граѓани насочен против градежниот проект кој паркот Гези на централниот плоштад Таксим во Истанбул требаше да се претвори во бетон. Демонстрантите кои излегоа да кажат НЕ на сечењето на стариот парк во центарот беа насилно растерани со солзавец и водени топови, иако не даваа никаков отпор ниту ја напаѓаа полицијата. Во знак на солидарност илјадници луѓе се придружија да го изразат својот револт против насилството кое полицијата го примени на плоштадот Таксим. Но, и одговорите на полицијата продолжија во истиот манир – многу солзавец, многу водени топови, многу повредени и еден мртов. Па, така протестите во меѓувреме се свртија кон се поавторитарното владеење на Ердоган. СЕ ОГЛАСИ И ФИЛОЗОФОТ СЛАВЕЈ ЖИЖЕК На повиците за меѓународна солидарност се огласи и познатиот филозоф Славој Жижек. -Иако предизвикани од очигледно скромно локално прашањето за заштита на парк во самиот центар на Истанбул од комерцијални уништувања, тековните протести во Турција очигледно се однесуваат на многу подлабок проблем. Фактот дека протестите експлодираа во една земја која се смета како модел на "умерен исламизам" со растечка економија, се клучен показател на она што го открива проблемот. Станува збор за комбинација на неолиберазлизам со религиозно-националистички авторитаризам. Жртвата на овие два процеса е иста: независното граѓанско општество со својот дух на солидарност и културата на толеранција, духот што го формира 'рбетот на етичкото здравје на нацијата. -Ова е причината зошто овие протести се дел од истата глобална агитација која го тресе утврдениот порадом во светот. Сите луѓе кои се грижат за слобода и еманципација на тој начин треба да се солидаризираат со турскиот народ: Добредојдовте! Сега сме дел од истата глобална борба! Шпанија, Шведска, Грција, Турција ... само ако ние се бориме заедно имаме шанса!, вели Жижек во својата изјава испратена до неговите пријатели во Турција. |
Султан Сулејман(Халид Ерганч) ги поддржа протестантите.
Наградно прашање: Колку века беа турците, под пусто турско?