Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Стевчо Јакимовски лидер на новата политичка партија

$
0
0
Цитат:

Од следната недела нова политичка партија на политичката сцена во Македонија

Од следната недела на политичката сцена во Македонија ќе има нова политичка партија на чие чело ќе биде градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. На синоќешната емисија „Патот кон...“ на Алсат-М телевизија, Јакимовски потврди дека наредната недела ќе се покрене иницијатива за новата партија. Концептот ќе ù биде граѓански и мултиетнички.

Според него, токму таквиот партиски профил има перспектива, овозможува развој на демократските процеси и може да ги исполни барањата на граѓаните од различни етнички заедници.

Јакимовски не ја исклучува можноста да соработува со поранешниот премиер, Бучковски.
Стевчо Јакимовски го оквалификува Бранко Црвенковски како “крал на маглата“...
Цитат:

Тој ужива да создава такви тешки психолошки ситуации во кој тој се смета дека на крајот тој ќе биде мајсторот. Повторно овој конгрес мора да биде енигма, повторно мора да се создаде магла, и наместо да се разбиструва изборот на претседател во СДСМ, Бранко Црвенковски со собирањето на потписи ја замагли ситуацијата. Тоа е таа магла која тој ја прави - истакна Стевчо Јакимовски.
Стевчо Јакимовски на ТВ Тера упатил критики и до неговиот колега од општина Центар, Андреј Жерновски...
Цитат:

Не верувам дека Жерновски нешто ќе направи во општина Центар, освен што урна една ограда и прави некој циркус со таа комисијата. Па, јас да седнам за три дена можам да видам дали има неправилности или не во тој проект, рече Јакимовски.
Ц ц ц, НЕВЕРОЈАТНО!!!:nemiseveruva:

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles