Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Терористички напад во Лондон - војник убиен на улица

$
0
0
Цитат:

Едно лице е убиено, а двајца повредени во напад што се случи денеска во јужен Лондон.
Според британската полиција можно е да станува збор за терористички напад.
Премиерот Дејвид Камерон свика вонредно заседание на владиниот комитет за безбедност „Кобра“, кој што се собира само при инциденти, кои може да имаат последици за националната безбедност.
За Камерон случајот е „шокирачки“ и нареди на министерот за внатрешни работи Тереза Меј да претседава со итната седница.
Англиските медиуми, пак, тврдат дека станува збор за политички мотивиран напад.
За време на инцидентот еден војник бил убиен во јужниот лондонски реон Вулвич од двајца мажи, кои го нападнале со мачета.
Кога полицијата пристигнала на местото, жртвата веќе била мртва. Убијците ги нападнале полицајците, кои биле принудени да отворат по нив оган, по што ги раниле.
Во моментот се врши истрага.


Англичаниве очигледно не знаат да го решат проблемот со тероризмот. Тие треба да се угледуваат на нас-оти ние проблемот со тероризмот го решивме на уникатен и многу ефективен начин-за министер за одбрана ставивме терорист :nemiseveruva:

Извор: http://24vesti.mk/teroristichki-napa...ubien-na-ulica

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles