Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

РЕЗОЛУЦИЈА во Европскиот парламент за напредок на Македонија

$
0
0
На еден ден пред да биде разгледана резолуцијата за напредокот на Република Македонија, сеуште не се поднесени најавените амандмани од бугарските и грчките пратеници... Затоа пак, амандмани предложиле други пратеници од парламентот...
Поднесувачи на амандманите се Марије Корнелисен од Партијата на Зелените, Чарлс Танок од Групата на европски конзервативци и реформатори, како и Јелко Кацин и Норица Николаи од Групата на Либерали и Демократи!


→ Едниот од амандманите се однесува на Комисијата која треба да ги утврди настаните од 24 декември... Поднесувачите бараат од властите во Македонија таа комисија веднаш да почне со работа...

→ Со друг амандман се бара ревизија и проверка на гласачките листи...

→ Поднесен е и амандман со кој се бара да се констатира загриженост по „претресот во канцелариите на новизбраниот градоначалник на општина Центар во Скопје“, што е ’институцинален притисок врз личноста на градоначалникот’...

→ Помеѓу поднесените амандмани е и оној со кој што се изразува загриженост поради „недостаток на анализа и објективност на медиумите во периодот пред локалните избори одржани во март 2013 година, особено во однос на активностите на опозицијата, кои речиси отсуствуваа во медиумите, како во јавните, така и во приватните, во текот на кампањата“!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles