Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Студијата „Надеж“ - Библија на СДСМ

$
0
0
Еве да отворам тема за студијата Надеж според која се раководи СДСМ по враќањето на Црвенковски на лидерското место, по времениот престој во претседателскиот кабинет.
Баниран сум од темата за Никола Младенов, Бог да го прости, поради спомнувањето на оваа студија, иако токму според студијата треба секој настан да се искористи во обид да се прогласи актуелната власт за фашистичка и недемократска. Токму тоа и се прави со обидот да се обвини власта за наводно убиство на Никола Младенов. Се пртави обид еден несреќен случај да се пртстави како убиство.
На 24 декември и во деновите пред тоа се направи обид да се произведе парламентарна криза, кога повторно во согласност со студијата Надеж опозицијата реши дека буџетот не смее да помине по ниту една цена, па мораше да се примени сила врз пратениците кои го одстранија претседателот на Цобранието од неговото работно место и го запоседнаа. За среќа, ретко кој поверува во овој обид и на сите им е јасно дека парламентарната демократија во Македонија ќе се врати истиот момент кога СДСМ веќе нема да биде под раководство на Црвенковски или некоја негова марионета.
За среќа, Македонија е веќе доволно демократски зрела за да ги „проччита“ овие намери, па обидот да се произведе криза не успеа. Остави мала лузна на угледот на земјата во светот, но ваквото однесување колку што знам е подржано само од „пријателска“ Грција и од никој друг.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles