Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Давид пишува за филозофијата

$
0
0
вреди да се објаснуваат некои работи, малку е метфорички но сепак лесно се разбирливи:

одиме со зен -будизам ( секоја сличност не е намерна)

btw ;) Будиниот прв говор е традиционално наречен „Прво Свртување на Тркалото на Законот` а е во смисол на следново ( сублимат)

Тоа што е овде речено е дека зборовите не изразуваат ништо друго освен гледишта. Но, сите гледишта се погрешни зашто се производ на умот кој оперира во субјект-објект дихотомии. Просветлувањето е достигнато кога човек ќе ја види сопствената вистинска природа – својата чиста свест која е зад дуализмот.
Исто така, станува полесно да се разбере фамозната легенда за Шестиот Патријарх. Приказната, накусо, е следнава: Петтиот Патријарх барал наследник. За да најде навистина просветлена личност, ги повикал сите монаси да напишат по една кратка песна.

Одна од песните била напишана од Шен-хсиу:

Телото е дрво на просветлување
Умот е како чисто огледало.
Во секое време мора да се чисти
За да не падне на него ни прашинка.

Друга песна била напишана од Хуј-ненг:

Суштински не постои дрво на просветлување,
Нити постои потпора со чисто огледало.
Суштински ништо не постои;
На што ќе падне прашината?

до овде е јасно мислам, така, а сега да скратам и да поентирам со еден постмодренистички драјв:

Кој ја сфаќа атмосферата, сфаќа се`. Стварноста е руда од која со испирање се добива сон!

ПС: У Фуснота
Идеја е нешто што ти го имаш, идеологијата е нешто што тебе те има
( или преведено на Мкд јазик : еднаш левичар цел живот левичар)

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887