Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, денеска потпиша мораториум на сите градби, исплати и соработки на оваа скопска општина со фирмите поврзани со мегапроектот „Скопје 2014“ и најави целосна ревизија за овој проект.
- Од денеска во Центар има мораториум на „Скопје 2014“. Тоа значи сите формално-правни активности за согласностите и финансиите и за сè што треба да се реализира, ќе биде замрзнато додека не се увиди фактичката состојба – потенцираше Жерновски.
Последните настани во Центар, вели Жерновски, наликуваат на времето кога ЈНА се селеше од Македонија.
- Тогаш се крадеа и штекери и се земаше сè. Јас денеска дадов налог да ги посетат сите места, а службите добија задачи да се провери целата ситуација за реновирањето на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, за фасадата на владата, и да се види каква е состојбата и каква е инволвираноста на минатото раководство и за сè ќе биде информирана јавноста – рече новиот градоначалник на Центар.
Жерновски рече дека жали што денеска Владимир Тодоровиќ не бил присутен на примопредавањето на функцијата.
- Неколку пати испратив абер до него, но за жал тој не е тука. Тоа е негова одлука и за тоа си сноси последици – вели Жерновски.
Жерновски најави дека сите возила на медиуми ќе имаат бесплатен паркинг-простор во општина Центар, локација каде се сместени сите партиски, државни и административни институции, а со ваквиот потег, вети тој, ќе им се олесни работата на новинарите и побрз начин за следење на сите активности.
Chestito gospodine Zhernovski,neka vi e so sreka.Ja imate celata podrshka od site pravdoljubivi gragani na opshtina Centar.
Prodolzhuvame pobednichki !!