Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Светското првенство во Шпанија

$
0
0


Голмани: Борко Ристовски, Никола Митровски, Петар Ангелов, Златко Даскаловски.

Крила: Дејан Манасков, Владимир Темелков, Стевче Алушовски, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески.

Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Ванчо Димовски.

Бекови: Мите Стоилов, Лазо Мајнов, Кире Лазаров, Влатко Митков, Аце Јоноски, Бранислав Ангеловски, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Наумче Мојсовски, Горан Кузманоски, Филип Лазаров, Дејан Пецаковски, Милорад Кукоски, Милан Левов, Ристо Арнаудовски.

На Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари, Македонија е во групата "Б" во Севиља заедно со репрезентациите на Чиле, Катар, Русија, Исланд и Данска.

12.јануари – сабота 15:45 Македонија – Чиле
13.јануари – недела 18:00 Македонија – Катар
15.јануари – вторник 18:00 Македонија – Исланд
16.јануари – среда 15:45 Македонија – Русија
18.јануари – петок 20:15 Македонија – Данска



Капитенот на македонската ракометна репрезентација во интервјуто за „Република“ вели дека целта на СП во Шпанија е пласман во осминафиналето, а доколку Македонија стигне до таму, потоа се е можно.

За разлика од ЕП во Србија, реално треба да се очекува помала поддршка на нашите ракометари на Мундијалот кој започнува на 11-ти јануари. Сепак, Лазаров вели дека колкава и да биде бројката ќе биде од големо значење за нив. Поддршката од македонските навивачи секогаш им помагала да направат подвиг и да стигнат до успех.

Со оглед на тоа дека настапува во шпанскиот клуб Атлетико Мадрид и поради угледот кој го има во оваа држава, нашиот најдобар ракометар се надева дека и Шпанците ќе ја дадат поддршката на Македонија.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles