По неколкугодишното користење и субвенционирањето на земјоделците,го гледаме штетниот ефект од нив.Како прв фактор е тоа што корисниците тоа го гледаат како помош,а не како потттик за производство.Тоа кај нас и не беше потребно,ние имаме целовремено производство,на нашите земјоделци им требаше пазар за нивните производи,а владата тоа не им го даде.Вториот штетен ефект од нив е што постепено придонесуваат за покачување на цената на производите,а тоа го плаќаме сите ние како потрошувачи.Бидејќи оваа власт нема одредено рок и ограничување на субвенционирањето,и тоа ако продолжи,ланчано доведува до дополнително зголемување на цените.Дали земјоделците ќе бидат задоволни со поевтини цени на пазарот,и со тоа поконкурентни,отколку да зависат од владината помош,која веќе почна да ја злоупотребува само предизборно?
↧