Веќе одредено време неколку различни струи си влечат секој на своја страна и воопшто не ги интересира што другите од опозицијата прават, ни потврди вчера извор од СДСМ, кој инсистираше да остане анонимен
Андреј Петров наводно бил во добри односи само со пратениците што се потпретседатели на СДСМ. Пратеничката Радмила Шекеринска, според нашите сознанија, се држела подалеку од сите.Kусо време по седмиот изборен пораз, незадоволството на СДСМ од резултатите по вториот изборен круг се рефлектираше и во Собранието, односно меѓу опозициските пратеници. Во пратеничката група на социјалдемократите веќе одредено време владее тензична атмосфера. Лошата координација и нарушените односи низ собраниските ходници се с` повидливи. Иако навидум изгледа дека е с` во ред и оти народните избраници од партијата на Бранко Црвенковски функционираат и работат за заеднички интерес, односно за интересите на граѓаните од кои се избрани, извори од СДСМ присутни во Собранието го тврдат спротивното - опозициските пратеници се поделени во табори и секој од нив „си брка посебна агенда“.. За разлика од порано, велат од СДСМ, кога во собраниското бифе се забележувале речиси сите пратеници заедно и во смирена или погласна атмосфера (зависи од темата) дебатирале за прашања од заеднички интерес, сега сликата на паузата за ручек не дава впечаток дека е исто како и до пред одредено време. Напротив, впечатокот е сосема поинаков. Секој излегува од различна врата. Тивко и без никаква комуникација со другите. Бргу може да се добие и информација кој со кого е во иста тајфа. Така, Андреј Петров наводно бил во добри односи само со пратениците што се потпретседатели на СДСМ. Пратеничката Радмила Шекеринска, според нашите сознанија, се држела подалеку од сите, а имала добра комуникација со Игор Ивановски. Пратениците Цветанка Иванова и Марјанчо Николов имале меѓусебно најкоректни односи. Со нив впрочем и се разминавме во Собранието. За Оливер Спасовски велат дека се држи подалеку од сите и се дистанцира од преговорите кој на кого да му се придружи. Емилијан Станковиќ, Игор Ивановски и Горан Минчев се група која дејствува заеднички. До пред одредено време, велат нашите извори, поголем дел од опозициските пратеници избегнувале и да одат и на координација кај нивниот координатор.
- Лошите резултати на изборите, игрите, преговорите и сопките околу конгресот и изборот за нов лидер си го направија своето и во Собранието – истакнуваат од СДСМ.-Ако овој детски и игнорантски однос продолжи, јас дефинитивно излегувам од коалицијата. Ова беше првата реченица што ја изговори пратеникот од Српската напредна странка Драгиша Милетиќ, инаку коалициски партнер на СДСМ кога наидовме на него. Опозиционерите веќе подолго време се дистанцираат од Милетиќ поради приказната со Стевчо Јакимовски.СДСМ: Тој е завршена приказна
Од партијата на Црвенковски потврдуваат дека со Милетиќ односите се нарушени уште од моментот кога решил да го поддржи Јакимовски. Веќе подолго време не соработуваат со него и договорени се никој во Собранието да не седи до него на пленарните седници.
- Ние завршивме со Милетиќ – кусо велат од СДСМ. На прашањето зошто ако недоразбирањата меѓу двете страни се с` поголеми СДСМ не ја дистанцира партијата на Милетиќ од коалицијата, од опозицискиот блок одговараат дека тој не е член на нивната партија за да може да го исклучат.