Анбиливибл...
Небањатите ГО МОЛАТ СДСМ да не ги бојкотира изборите, иако бојкот од СДСМ значи дека цела држава би станала ДПМНЕовска... Башка, ГО МОЛАТ СДСМ да го сменат лидерот со кој што никогаш нема да можат да победат...
И што е најчудно, мислат дека некој ќе им верува дека НЕ СЕ ПЛАШАТ од Хер Бране и дека евентуален бојкот не значи дефинитивен крах на системот...
Нејсе, на форумов вчера беше отворена нова анкета со прашање: Дали ДПМНЕ треба и дали ќе ги прифати забелешките од ОБСЕ и ОДИХР?
Резултатите ДОСЕГА се фрапантни... Само двајца што гласале сметаат дека ДПМНЕ не треба да ги прифати забелешките од ОБСЕ и ОДИХР... Сепак, претпоставувам дека многу симпатизери на ДПМНЕ немаат гласано и дека процентот на тие што не се согласуваат со прифаќање на забелешките е многу поголем...
Инаку, најинтересно е што оние кои што се против прифаќање, претпоставувам дека ПОЈМА НЕМААТ какви препораки се добиени од ОБСЕ и ОДИХР... Тоа што СДСМ бара прифаќање на препораките, за нив е доволно за да заземат став дека истите не треба да се прифатат...
За волја на вистината, и на другата страна забележав слична ситуација... Многу симпатизери на опозицијата бараат прифаќање на препораките, само затоа што СДСМ јавно го побараа тоа...
Од тие причини, би сакал да се продискутира за тие препораки... И тоа една по една...
Би започнал со ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ИЗБИРАЧКИТЕ СПИСОЦИ... Прва и најважна препорака од ОБСЕ и ОДИХР беше следнава:
Темелна ревизија и исправка на Избирачкиот список
Како вовед би цитирал еден дел од текст во „Радио Слободна Европа“...
МНОГУ БИТНИ РАБОТИ се таму наведени и препорачувам да го прочитате текстот!

Цитат:
|
Во однос на забелешката на ОБСЕ која се однесува на „темелна ревизија и исправка на Избирачкиот список“, владата требаше да го стори тоа со спроведување на попис во октомври 2011 година за да се регулира списокот во однос на починати лица и на граѓаните кои престојуваат во странство. Но пописот не беше спроведен што остава простор за сомнеж за интересот на владата да постапи по оваа препорака. Алексов (се мисли на Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација „Мост“ - Ч.) вели дека во оваа фаза избирачкиот список претрпе административна ревизија, а во најблиска иднина мора да се постигне консензус за теренско испитување на списокот за се утврди неговиот квалитет и евентуалните останати забелешки кои со административните процеси не може да се забележат. Тој додава дека тоа не е работа која би се завршила за недела, две или месец. „Избирачкиот список како таков во последно време потегнува многу прашања, а тоа е за една група на граѓани која ја немаат остварено својата граѓанска обврска да се легитимираат пред државата, односно да извадат нови лични карти и патни исправи. Тоа е една бројка од околу 140 илјади граѓани кои според актуелниот изборен законик, доколку не извадат нови документи на следните локални редовни избори нема да можат да го остварат своето право на глас.“ Според анализата на Македонскиот центар за европско образование, списокот е нереален и содржи најмалку 200 илјади фиктивни гласачи со кои може да се изврши манипулација во изборните резултати. И покрај обидите на надлежните пред секој изборен циклус да ги прочистат списоците од починатите лица и оние кои немаат право на глас, сепак бројката на гласачкото тело од година во година мистериозно расте. Овој заклучок произлегува од податоците од последниот спроведен попис од 2002 година, според кој во земјава има вкупно 2 милиони и 22 илјади граѓани од кои со право на глас се 1,664 милиони со што произлегува дека малолетни се 358 илјади. Но, токму податокот за малолетни е неточен затоа што според статистичките податоци од истиот попис во тој период, бројот на лица кои се на возраст од 0 до 18 години е поголем од 500 илјади. Бројот на гласачи во 2009 година изнесуваше 1,792 милиони, додека две години подоцна за предвремените избори бројката порасна на 1,83 милиони регистрирани гласачи. Со ваквите бројки се поставува и прашањето: Колкав процент на прираст на населението е потребно за математиката со избирачкиот список да биде точна? Пратеникот Изет Зеќири од НДП смета дека избиирачкиот список содржи над 230 илјади фантомски гласачи. Тој ја објаснува својата теза со податоците од општините каде што во Ресен на пример има заведено 16 илјади жители, а право на глас од оваа општина имаат 19 илјади граѓани. Тој додава дека слична ситуација е забележлива и во многу други места во Македонија со што на следните избори ќе добиеме изборен криминал. Алексов вели дека со политичка волја и добра координација и соработка меѓу институциите може да се дојде до изнаоѓање на решение за овие забелешки и проблеми кои се нотирани досега. Тој додава дека препораките на ОБСЕ-ОДИХР се формулирани на начин на кој што не се мешаат во внатрешните работи на една земја, но на дипломатски начин посочуваат кои се слабите алки во изборниот процес и како тие да се надминат со цел за да се достигнат меѓународните стандарди за демократски избори. |