Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Безалтернативната ЕУ, или Россия – священная наша держава, Россия – любимая наша страна.

$
0
0
Во Македонија нема никаква дискусија за пристапувањето кон ЕУ, оти нели, истата нема алтернатива, ама во духот на европските демократски вредности си велам, еве ја ќе придонесам за развојот на истите тие европски вредности и ќе отворам една тема за ЕУ и нејзините алтернативи.

Уште веднаш да ви кажам, ја во ЕУ нејќам. Од чисто естетски причини. Многу ружен народ тоа европјаните брате. И поган. Еве како великиот поет Александр Александрович Блок ја опишува истата таа Европа, поточно Франција при неговата прва посета на таа земја: „Неотуѓива особина на французите е гнасотијата, пред се физичка, а потоа и душевна. Првата гнасотија подобро и да не ја опишувам; накратко, гадлив човек никогаш нема да се сложи да се пресели во Франција“. Летото 1913 година Блок повторно оди во Франција. Пишува: „Биариц е полн со ситна француска буржоазија, дури и очите ми се уморни од гледање грди мажи и жени … Инаку, може да се каже дека ми здосади Франција, сакам што порано да се вратам во културна земја – Русија, каде има помалку болви, скоро и да нема нема Французинки, постојат вистински јадења (леб и говедско) и пијалоци (чај и вода)“… Хехехе, особено за делот со французинките лично сочувствувам со великанот Блок. Еееее... а кој ја имал таа среќа да биде со русинче... тој брате знае што значи да бидеш со жена. Забегав, да се вратам на темата. Значи сакам да кажам, европјаните се гадни, грди и гнасни, а Русија е културна земја, еве, дури и велик поет како Блок го потврдува тоа. А сега малку за македонско – руските односи.

Меѓу руските политиколози кружи една анегдота, поточно виц за српските политичари, а таа гласи: Во Србија одсекогаш постои непишано историско правило според кое на власт се доаѓа како „западњак“, а се од неа се симнува како русофил. Веројатно затоа и отсекогаш се наоѓаат во некакво Limbo, ни ваму ни таму. Ова правило како да не важи (то ест важи) за актуелната власт во Србија: Вучиќ, Дачиќ, Николиќ. Велам, то ест важи, затоа што нив истите тие руски политиколози ги опишуваат како карикатурални русофили, кои сепк играат по диктат на Брисел, што неодамна и ги запали црвените светла во Москва. Се едно, за Србија ме боли Црвен Бан па нема да разглабам за нив овде, иако нивниот „напредок“ кон ЕУ е многу сличен на нашиот, а имено со многу уцени, закани и притисоци од западните „пријатели“ кои им мислат само добро. Толку добро им мислат, што им истурија еден куп атомски бомби (добро де, не се атомски, со осиромашен ураниум се. Ама запрашајте се колку во последно време ваши комшии, роднини и пријателе заболеле од рак) и им ампутираа парче територија. А како награда шо се толку мили и покорни, им дадоа и Парада да си организираат. Геј Прајд Парада!

Ние пак, ко шо не дал Господ, поточно ко шо ни ги клал Господ политичарите, и за тоа српско Limbo можеме само да сонуваме. Нашите политичари брате бегаат од русофилство ко ѓавол од крст. На Москва нема да им текне, па таман Орбитальная станция „ Мир“ да им падне врз глава. Со опроштење, Москва у г’з да им ја напикаш, тие ќе прднат, ќе ја исфрлат. Заштоа е тоа така, ја појма неам. И не само сега, отсекогаш било така. Дури и оној Миладинов плачипичкувал по југ додека шетал по Петроград. Ти ибам, кај ти беа очите бе, поред русинки на југ да мислиш, ама ај, за тоа во некоја друга тема. И после Русите ни се криви шо не не множат со нула.

Веднаш да ви кажам, русите апсолутно нема да не дочекаат со раширени раце, па таман и да им се фрлиме во прегратки (сетете се на џудо блокот на Путин, кога онаа будалетинка борче трајковски му се пушти да го грли и љуби). Напротив, ќе треба убаво да се напупиме за прво само да не забележат дека сме им се напупиле, а после... е после да се надеваме дека ќе си понесат вазелин. Сепак има една добра работа во сево ова. И ним, и нам ќе ни биде прв пат заедно, па кој знае, може дури и заемна љубов да се изроди.

Откај па сеа овој почна за Русија да блада, ќе врекнат некои. Па од проста причина што ЕУ е завршена приказна бе браќа. Интересно, како никој да не забележува дека ЕУ не е веќе она што беше. Тоа веќе не е заедница на просперитетни, стабилни, рамноправни и солидарни држави. ЕУ е денеска точка на вриење на на светската финансиска криза. Грција, Ирска, Шпанија, Португалија и Кипар се банкрот држави. А не се ништо подобри ни Франција, а богами и Холандија има бааѓи финансиски проблеми. Нивниот долг е 410 милијарди евра (68,24% од БДП), или 25 илјади евра по човек. Британската јавност наголемо расправа за напуштање на „лошото друштво“.

Уште еден куриозитет. Потпретседателот на европскиот парламент Мигел Анхел Мартинез неодамна изјави дека приемот на Хрватска значи многу повеќе за Брисел отколку за Загреб, па фино објасни: "Во време на длабока криза која ја преживува ЕУ, кога и многу стари членки го преиспитуаат своето останување во неа, истрајната желба на една земја да се приклучи ни ја враќа верата и самодовербата“. Епа дај малку да им ја пољуљаме таа самодоверба. Дај малку да им завртиме грб, па да видите како самите ќе потрчаат по нас, како откачен удварач. Ај доста за сеа...

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles